Дома / Вицови / Разно / Комарец

Комарец

Си бил некој комарец, назгазнал во лед и му се заледила ногата.
Отишол кај сонцето и рекол:
-Сонце ти се молам огреј за да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Сонцето рекло:
-Неможам оди кај облаците!
Отишол комарецот кај облаците и им рекол:
-Облаци ве молам тргнете се за сонцето да огрее да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Облаците рекле:
-Неможеме оди кај ветерот!
Отишол комарецот кај ветерот и рекол:
-Ветру ти се молам дувни да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Ветрот рекол:
-Неможам оди кај планината!
Отишол комарецот и кај планината и и рекол:
-Планино ти се молам тргни се за да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Планината рекла:
-Неможам оди кај реката!
Отишол комарецот кај реката и и рекол:
-Реко ти се молам тргни се за да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Реката рекла:
-Неможам оди кај рибите!
Отишол комарецот и кај рибите и рекол:
-Риби ви се молам тргнете се да се тргне реката да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Рибите рекле:
-Неможеме оди кај рибарот!
Отишол комарецот и кај рибарот и рибарот рекол:
-Еее комарец! – и го убил 

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …