Дома / Вицови (страна 455)

Вицови

Сексуален живот

Цветко новинарот на улица прави анкета за сексуалниот живот на пензионерите и прашува еден дедо каков е неговиот сексуален живот, а тој одговара:
– Епа јас кога ќе станам од сабајле одам по леб и млеко, па го носам внучето во градинкка, па одам на пазар, па потоа го земам внучето од градинка, па одам да докупам уште нешто, па….
Новинарот го прекинува:
– Ама извинете јас ве прашав за сексуалниот живот, а не за…
– Е синко, денеска мене така ме ебаваат…

Совети

Ќерката станува полнолетна, па мајката ја советува пред излегување:
– Сега можеш да најдеш дечко, но мора да внимаваш на некои работи: кога ќе најдеш некој да ти се допаѓа, тој мора како прво да биде штедлив, како второ да биде глупав и како трето не смее да биде некој заводник, кој си го истрошил алатот на други жени.
И отишла ќерката и наредниот ден и раскажува на мајка си:
-Мамо, веднаш најдов баш онаков каков што ме советуваше. Ми приоѓа еден, ме фати за рака и ме одведе во хотел. И наместо да земе двокреветна соба, тој зема еднокреветна-значи дека е штедлив.Потоа, наместо да ми ја стави перницата под глава, тој ми ја стави под газот-значи дека е глупав. И на крај, мамо, го извади алатот, а тој потполно нов, во целофан, неотпакуван…

Не се брзам…

Цветко фатил такси, ама имал само 30 денари и го молел таксистот за тие пари до дома да го однесе.
Таксистот на тоа возбудено:
– Јас треба на децата леб да им купам.
– Е добро де, ќе почекам, не се брзам толку!

Пијаници

Одат двајца пијаници по пруга.
– А бре скаливе многу високи!?
– Не се секирај, ене го лифтот доаѓа.

Задници

Си биле тројца мажи, и зборувале за тоа чија жена има поголем задник.
– Мојава, кога ќе седне на шоља, не може да ја видиш шољата.
– Не е тоа ништо, вели вториот, мојата не може да помине низ врата од големиот задник, мора низ прозорец да влегува.
А третиот вика:
-А мојана има плави очи.
Е што има тоа врска со голем задник?
– Е па се друго е задник.

Внимавање

Трпе ја носи жена му на доктор.
– Трпе ви честитам , ќе станете татко.
– Ама како, јас внимавав, многу внимавав.
– Е па Трпе, тоа ти е исто како во сообраќајот, ти ќе внимаваш ама друг ќе налета.

Таксист

Влегува човек во такси и го прашува возачот:
-Може да пушам?
-Може, ако не ти смета воланот.

Луд е

Се јавува директорот на лудница во полициска станица и бара помош за фаќање на пациентот кој избегал тој ден.
– Висок е метар и педесет, многу е слаб и тежок околу двеста килограми…
– Тоа не е можно, човек од метар и педесет, слаб, а тежок двеста килограми?!
– Па нели ви реков дека е луд!

Музички инструменти

Тргнал Цветко да купи музички инструменти за новоформираната група. Влегол во продавница и никако да одлучи што да купи, па на крајот му рекол на продавачот:
– Дај ми ги ти мене онаа црвена труба и таа таму бела хармоника.
На тоа продавачот му одговорил:
– Апаратот за гасење пожар и може да ти го продадам, а радијаторт мора да остане таму каде што е.

Базен

Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
– Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на нозе, единствено јас скокам на глава, а директорот на лудницата ни рече, ако бидеме добри, ќе го наполни базенот со вода…

Состанок

Се собрале сите човечки органи да решат кој е најважен.
Мозокот прв се јавил.
– Јас сум најважен, без мене ништо нема да функционира како треба.
Се јавил стомакот:
– Е исто е и кај мене, јас ако не функционирам ништо нема да функционира.
Се јавило срцето:
Повеќе…

Вентилатор

Починал некој човек и чекајќи ред кај Свети Петар, забележал многу ѕидни часовници во ходникот. Кога дошол на ред го прашува Св.Петар:
– А бе, што оволку часовници?
– Е па според брзината на вртењето на казалките, гледам колку се краде во секоја земја.
– А Македонија не ја гледам?
– Е, часовникот за Македонија ми е во дневна, ми служи како вентилатор!