Дома / Вицови (страна 452)

Вицови

Швајцување

Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар.
– Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите.
– Е како нема да и се отечени, вчера два саата ме гледаше како швајсувам!

Комплимент

Две Ромки кои не се виделе долго време се среќаваат во 19 приватна и едната и вика на другата:
– Леле мори, што си убава денеска!
– Е, фала на елементот.
– Мори што си проста, не се вика елемент, се вика компликација!

Види ја фацата

Трпе и Трпана биле разведени.
Трпе: Ќерко! Денес ти е 18 роденден. Еве ти ја последната алиментација, однеси и ја на мајка ти, и види каква фаца ќе направи, па дојди кажи ми.
Ќерката: Мамо, еве ти ги последните пари од алиментација, и треба да видам каква фаца ќе направиш, па да му кажам на тато.
Трпана: Епа, кажи му дека он уствари и не ти е прав татко, види му ја фацата, па дојди кажи ми!

Анонимно писмо

Трпе и вели на сосетката:
– Митро мори, вчера добив анонимно писмо, некој напишал дека јас сум бил магаре, жена ми – овца, а син ми – свиња.
– Баш ми е жал Трпе, сигурно е некој што многу добро ве познава!

Преврска

Докторот излегува од канцеларија.
– Ајде кој е Трпе нека влезе на преврска!!
– Еее, Трпе си отиде, му зарасна раната.

Чудна работа

– Докторе со мажот ми се случува нешто страшно. Кога ќе го испие кафето ја јаде шолјата.
– А целата ја јаде?
– Не ја фрла дршката.
– Тууу, највкусното!

Печење

Во ординација чекаат многу луѓе меѓу кои и Трпе. Излегол докторот и им рекол дека за денес е доста и да дојдат утре. А Трпе:
– Докторе а јас што ќе правам со печењето!
– Добро ај ти влези, другите одете си.
– А бе докторе што да ти кажам, многу ме пече кога мочам!

Молзење

Мујо молзел крава. Само што ја наполнил кантата, кравата се ритнала и го истурпла млекото. Мујо и ја врзал ногата и пак седнал да ја молзе. Таман ја наполнил кантата, кравата се ритнала со другата нога пак ја превртела кантата. Мујо, сега лут, и ја врзал и другата нога и пак почнал да ја молзе. Само што седнал, кравата почнала да го удира со опашката по лицето. Мујо и ја врзал опашката за гредата над неа. Додека го врзувал јазелот, му пукнал ременот и панталоните му паднале. Во тој момент наишол Хасо и повикал:
– Ау, Мујоо!!! Ама, што правиш бе !
– Ја молзам кравата! Што да ти кажам друго, нема да ми веруваш!

Комарец

Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?
– Веројатно комарец!
– Ама не било каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!

Шешир

Трпана го прашува Трпе:
– Миличок,како ми стои новиов шешир?
– Прекрасно, мила, ти го покрива целото лице!

Виагра

Влегува некој дедо во аптека и бара четврт апче вијагра.
– Добро бе стари, знам дека пензијата ти е мала, ама за твои години ти требаат барем 2 апчиња.
– А бре сестро, ми треба толку, колку да не си ги мочам кондурите.