На поштарот му е последен ден на работа после 35 години верно служење во својот реон. На последната обиколка, од првата куќа го пречекува целото семејство, му честитаат и му даваат подарок во плик.
Во втората куќа повторно истото, но добива штека цигари.
Доаѓа тој кај третата куќа и вратата ја отвара прекрасна млада жена облечена само во долна облека. Таа го фаќа за рака, го носи во кревет, водат љубов, го носи во кујна, му дава доручек, шолја кафе и банкнота од 100 денари под шолјата.
Поштарот се уште возбуден од прекрасниот подарок, прашува:
– Се беше одлично, мора да признаам, но, не ми е јасно, зошто ми давате 100 денари.
– Па, вчера вечер со маж ми почнав муабет за тоа што да ти дадеме поклон за пензионирање. Неговата реакција беше “Јеби га, дај му 100 денари”. Доручекот беше моја идеја.
Секс и бриџ
Воздух и секс
Грев и срам
Работење по куќата
50-50
Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина и дал на жената. Потоа ги поделил компирчињата од помфритот, едно него едно нејзе и на крај претурил половина од кока колата во нејзината чаша. И тогаш, мажот почнал да јаде, а жената само седела и го гледала со скрстени раце. Се смилувал дечкото, отишол кај двојката и се понудил да им купи уште еден оброк. Мажот одговорил:
– Не, благодарам. Ние сме во брак 50 години и цел живот се сме делеле по половина.
Дечкото:
– А зошто госпоѓата не јаде?
Жената одговорила:
– Негов ред е да ја користи вилицата.
Подалеку од тревата
Во болница влегува панкерка и се жали на болки во стомакот. Младава жена имала розова коса, еден куп тетоважи и обетки и чудна облека. Откако докторот утврдил дека има воспаление на слепо црево, ја поставиле на операциона маса и и дале анестезија. Откако и ја соблекле облеката, лекарите забележале дека срамните влакна и се офарбани зелено и над нив има тетоважа која вели: “Подалеку од тревата”. После успешната операцијата, докторот оставил белешка за пациентката:
– “Извинете, моравме да ја искосиме тревата”.
Максимална брзина
Кохони
Оди човек во Мадрид, Шпанија, седнува во ресторан и го порачува специјалитетот на куќата. Келнерот му носи чинија со компири и две топки месо. Човекот прашува:
– Што е ова ?
– Кохони, господине.
– Што се кохони?
– Кохони се тестиси од бик што има изгубено во попладневната борба на арената.
Отпрвин му се згадило на човекот, ама откако ги пробал и му се бендисале се изел. Другиот ден човекот повторно отишол во истиот ресторан и повторно порачал кохони. Го донел келнерот јадењето, но со две топки скоро двојно помали од претходните. Човекот револтиран:
– Што е ова?
– Кохони господине.
– Не, не. Јас вчера јадев кохони и тие беа многу поголеми од овие.
– Господине, не губи секој ден бик.
Прва помош
Шанкер ја прашува келнерката:
– Зошто касниш?
– Ужасно беше. Си доаѓам јас на работа кога на сред улица гледам ужасна сообраќајна несреќа. Човек лежи на тротоарот исфрлен од колата, ногата му е скршена, главата дупната, крв насекаде. Фала богу што бев на курс за прва помош.
– И што направи?
– Ја наведнав главата за да не се онесвестам.