Жената оди на психијатар:
-Докторе, мојот маж полуде.
Не ми дозволува да правам палачинки!
-Тоа навистина е чудно. Јас на пример ги обожавам.
-Тогаш морате да ми дојдете на гости.
Имам три ормани полни со палачинки!
Мудрост
Додворување
Мујо и Цеца
Се шета Мујо по улица и ја сретнува Цеца.
Целиот редосен и вели:
"Цецо, жити мајка, сега ќе пројдам со девојка ми, па ако не ти е тешко те молам да ме поздравиш колку да испаднам фраерска фаца".
– "Нема проблем" – му рекла Цеца.
По некоја минута доаѓа Мујо со девојката, кога Цеца го поздравува:
– "Кај си бе Мујо, што правиш"?
– "Цецо, ај иди у курац веќе! Ти реков, имам девојка"!
Очигледно
Учителката поставува прашање кој знае да каже пример користејќи го зборот ОЧИГЛЕДНО!
Се јавува Трпе и вели: татко ми е виолинист, мајка ми е пијанист, сестра ми пее во хор, јас чукам на дајре, очигледно ние сме музичко семејство!
Се јавува Стевче и вели: татко ми е фудбалер, мајка ми ракометарка, јас кошаркар, очигледно ние сме спортско семејство!
Станува мали Ѓокица и вели: баба ми секое утро ја гледам како оди низ двор, а под мишки има The Times, Daily Mirror, Le Figaro, Deutsche Zeitung, а бидејќи не знае да чита ОЧИГЛЕДНО снемала тоалет хартија и оди да сере!
Компјутерски клетви
Да ти се поебе 9-та игличка од процесорот.
Да ти се стопи матичната, како чоколадо во микробранова да ти стане.
Да ти се заглави буквата „С“ од тастатурата.
Да ти откаже Num Lock диодата.
Дај боже сите кулери топло да ти дуваат.
Да ти се поебат 457-миот и 894-тиот пиксел на мониторот.
Дај боже End Task копчето од Task Manager, disabled да ти биде.
Да ти се поебе ласерот од CD-ROM-от, па CD-иња на игла да вртиш
Кога нема да ти се дига да немаш опција SafeMode
Да даде Господ да фаќаш WiFi мрежа со 100% јачина на сигнал и пак да не ти отвора страници…
Да ти пишува Press any key, кога тастатурата ќе ти е расипе!
Да ти пишува Click here, кога маусот ќе ти се расипе!
Разговор
Медицина
Мала историја на медицината:
– Ме боли увото.
2000 п.н.е. – Еве, изеди го коренов.
1000 н.е. -Тоа со коренот е ерес, кажи ја оваа молитва.
1850 н.е. – Молитвата е суеверие, испи ја оваа напивка.
1940 н.е. – Таа напивка е обично масло, испи ја пилулава.
1985 н.е. – Таа пилула е неефикасна, земи антибиотик.
2000 н.е. – Антибиотикот е вештачки. Еве, изеди го коренов.
Здрвување
Вкрстување
Големото око
Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен целосно, а сликарката цела среќна решила да му се оддолжи на лекарот со тоа што ќе му ја декорира ординацијата. Меѓутоа, главен елемент на декорацијата било големо око насликано на еден од ѕидовите на просторијата. Откако ја завршила сликарката работата, била свикана прес конференција каде еден од новинарите го прашува лекарот:
– Која беше вашата прва помисла кога ја видовте декорираната ординација, особено големото око на ѕидот.
– Фала богу што не сум гинеколог.
Микробранова
Заб
Влегуваат Трпе и Трпана на забар и Трпана му вика на забарот:
– Сакам да извадите заб. Не сакам инјекција со анестезија, бидејќи брзаме. Само извадете го набрзина со клештите.
– Вие сте храбра жена – рекол забарот – кој заб сакате да ви го извадам?
Се врти Трпана накај Трпе и го прашува:
– Кажи драги, кој заб сакаш да ти го извадат?
Печурки
Трпана и најавува на своја пријателка дека ќе се мажи по четврт пат.
– Тоа е прекрасно, но, извини што прашувам, што стана со твоите претходни мажи.
– Првиот изеде отровни печурки и умре!
– Леле, колку трагично. А вториот?
– И вториот изеде отровни печурки и умре.
– Страшно! Страв ми е да прашам што се случи со третиот.
– Тој си го скрши вратот.
– Си го скрши вратот?
– Па, не сакаше да јаде печурки.