Дома / Вицови (страна 429)

Вицови

Пожар

Детето: Тато, тато, тато, брзо станувај ни гори куќата!
Таткото: Брзо излагај надвор и престани да се дереш ќе ја разбудиш мајка ти!

Бон Тон

За време на ручек, таткото го советува синот:
– Сине ќе ти кажам три причини зошто не треба да јадеш толку брзо:
1. Не е културно;
2. Не е здраво;
3. За мене и мајка ти нема ништо да остане!

Кој кого?

Разговараат два плавуши:
– "Мислам дека маж ми ме изневерува".
– "Како тоа"?
– "Па ни едно од децата не личи на него".

Трпе и келнерот

Седнува Трпе во кафана и нарачува пилешка супа.
Келнерот му ја носи… Трпе промешува малку со лажицата и изнервирано го повикува келнерот.
Трпе: Добро бе келнер, каква е оваа пилешка супа кога во неа нема пиле?
Келнерот: Добро бе, а ти си бил во војска и си јадел војничко гравче?
Трпе: Сум јадел, и што?
Келнерот: Епа виде внатре војници?

Me боли главата нешто

Се јавува работникот на работа.
– Шефе, а бе денес не ми е добро, нешто глава ме боли па нема да дојдам на работа.
– Слушај вака, кога мене ме боли глава, рипам на жената, за саат време сум ко нов, и си доаѓам на работа така свеж.
Ете ти го работников после саат време се појавува на работа.
Шефот:
– А, кажи како функционира?
– Да бе шефе, алал да и е на жена ти!

Eгеец

Влегува егеец во кафана и вика -Кој го спаси син ми од давење, кој го извади од реката??? И еден од гостите скромно дига рака и му вика -Јас го спасив син ти… -Кај му е капата бе, а!?

Мамо, мамо, а зошто…

Мало девојче во црква ја прашува мајка си:
– Мамо, зошто е невестата облечена во бело?
– Затоа што белата е боја на среќата, а денес е нејзиниот најсреќен ден!
По кратко време размислување девојчето пак ја прашало:
– Тогаш зошто младоженецот носи црно?

Две сарми

Разговараат две сарми во желудникот, кога наишол еден коњак. По некое време ете ти и втор, па трет. Сармиве го прашале четвртиот што се случува.
– Еј да знаете каква журка е надвор, лудница, хаос!!!
– Еј супер ај одиме надвор – рекле сармите!

Најголеми женкари

-Знаеш ли кои биле тројцата најголеми женкари во историјата?
-Па Дон Жуан, Казанова. . .
-Не,првиот е Наполеон, бидејќи 3 години живеел на Света Елена. Вториот Леонардо да Винчи бидејќи повеќе од 3 години работел на Мона Лиза. А третиот е Ото фон Бизмак после кого цела Европа останала трудна.

Аууу

Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничкa седната во скутот на мажот и.
Аууу – мажу! – извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав панталоните!

Орален секс

Си биле Србин и Хрват. Србинот го прашал Хрватот:
– Znas li kako kod nas zovu Oralni Sex?
А овој му одговорилl:
– Не, како?
И Србинот му одговорил:
– Zini da ti kazem.

Срам те било

-Срам те било! – вика жената. Соседите зборуваат дека синоќа си бил мртов пијан и дека на улица си го гушкал дрвото!
-Па добро жено, не си сигурно љубоморна на дрвото.