Дома / Вицови (страна 421)

Вицови

Орање

Седи мува на рог на вол. Доаѓа друга мува и ја прашува:
– Што правиш?
– Ќути ма, не сметај, не гледаш ли дека ораме!

Делови..

Мажот и вика на плавушата.
-Ја стави ли колата во гаража?
-Не!
-Зошто?
-Многу е темно неможам да ги соберам
сите делови!

Биро за вработување

Привлечна русокоса доаѓа во биро за исчезнати лица.
-Мојот сопруг исчезна синоќа, Ве молам да го пронајдете – му вели на службеникот.
-А ако не го најдеме, што правите вечер? – прашува тој заводнички

Перо и Игор

Перо му се јавува на Игор и му вика:
П: Абе со две женски сум на Водно доаѓај одма, те чекам кај втората платформа.
И: Добро, добро доаѓам одма, чекај ме.
– И се среќаваат горе и Игор го гледа Перо се вртка сам наоколу.
И: И кај се сега?
П: Ене ги во колата.
И: А убави ли се?
П: Па напиј се малце ракија и убави се тогаш.
– Иде Игор да ги види и гледа и се враќа кај Перо:
И: Ти будала да не си бе? Па кај можам јас толку ракија да испијам.

Марко Крале

Си биле германец, англичанец, француз, швајцарец, грк и Македонец и се фалеле што имале најдобро во нивната држава. Германецов вика: Ние имам најдобри коли.. мерцедес. Англичанецов вика, ние ја имаме најпознатата кралица, Дајана. Французов вика ние имаме Ајфелова кула. Швајцарецов вика ние имаме најубаво Женевско езеро, гркот вика ние имаме најдобри печатници за весници.. Македонецов се мисли и едно време вика: Абе го знаете вие Марко Крале? И сите: неееееее.
Епа вака: Он отишол со мерцедес до Англија и ја земал принцезата Дајана, ја качил на Ајфеловата кула, таму ја напраил парче, после курот си го измил во Женевското езеро, а ако не ми верувате прочитајте во грчките весници.

Шахта

Мујо и Хасо оделе накај дома. Одеднаш паднале во шахта.Не знаеле како да излезат. Хасо: Ај, јас одам дома да ги земам пижамите затоа што не можеме да излеземе.

Ти седни!

Оди Никола Груевски во познат локал, седнува со своите телохранители на едно од сепарињата, доаѓа келнерот и ги прашува што ќе се напијат. Премиерот му вика : Ти седни те молам.. Келнерчево си седнува, а телохранителите го стануваат и му викаат: Три средни идиоте!!!

Свашта

Седи крава на гранка од дрво и плети. Прелетува слон и кравата вика: Свашта!