Влегува човек во кафич и му вика на шанкерот:
– Дај ми две дупли вотки.
– Ти изгледа си имал многу тежок ден, а?
– Абе остај, открив дека постариот брат ми е педер.
Доаѓа следниот ден истиот човек, порачува повторно две дупли вотки и објаснува:
– Испадна дека и помладиот брат ми бил педер.
Третиот ден, човеков повторно влегува во истиот кафич и пак го порачува истото. На шанкерот не му се верува, па прашува:
– Добро бе, нема ли никој во твојата фамилија што сака жени!?
– Има… жена ми.
Шетање
Се вратил татко му на Трпе од пат и го гледа Трпе како вози нов точак. Зачуден го прашува:
– Од каде ти се парите за ваков точак? Сигурно кошта 400 марки.
– Од шетање бе тато.
– Какво шетање бре, кажи ми од каде ти се парите?!
– Па, секој ден додека ти беше на пат, комшијата Коле доаѓаше да ја види мама, а мене ми даваше по 20 марки и ми кажуваше да шетам.
Тековна
Отворил Мујо тековна, па почнал да троши чекови на сите страни. После некое време го викаат во банка и му кажуваат:
– Господине Мујо, дали знаете дека сте во толкав минус што можете во затвор да одите?
– Леле, стварно??? И што да правам сега???
– Ќе треба да ги вратите сите пари назад.
– Уф бре, ме преплашивте. Еве, сега ќе ви пишам чек.
Спојка
Гробишта
Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта. Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата, па ѕиркаат лево, десно да видат од каде доаѓа тропањето. Кога, ете го позади една грмушка човек со чекан и длето удира по една надгробна плоча. На двајцава и олеснува, а Трпе проговорува:
– Господи, колку не исплаши, мислевме дека си некој дух! Па, добро бе човеку, што правиш волку касно на гробишта?
Човеков одговара:
– Будалите ми го згрешиле името!