Дома / Вицови (страна 285)

Вицови

Леб

Отишол Цветко во продавница и бара леб, а продавачот му одговорил:
– Денес лебот е поскап!
– Ма дај ми ти мене оној од вчера!

Збогатување

Некој скитник кој бил дткач сретнал богаташ и го прашал:
– Ккаккко ссе ззбоггатти?
А овој:
– Па фрлав цигли од зграда и им викав на луѓето да пазат и зашто сум им го спасил животот ми даваа по некој денар.
Скитникот отишол да проба фрлил цигла и почнал да вика:
– Пппппппп!!! Пу да ти ебам го утепав човекот..

Телефони

Млада згодна жена му се обраќа на швалерот:
– Дали до сега имаш поправано телефон?
– Не, а зошто?
– Тогаш почни што побргу, ми доаѓа мажот!

Јајcа

Си отишла една госпоѓа на пазар да се прошета и да купи нешто. Сакала да купи јајца и го прашала продавачот:
– Колку Ви се јајцата?
– 350 денари.
– Ууу многу скапо, што е тоа, може пониско?
– Може, ако клекнам.

Статуи

Две статуи, маж и жена, стоеле пред некој парк во голем град веќе 50 години. И еден ден се симнува Св. Петар и им вика:
– Вие бевте многу добри статуи! Луѓето ве сакаат, го разубавувате парков… Ај ќе ве наградам, ќе ве оживеам на 30 минути.
Ги допрел Св. Петар статуиве и оп… Веднаш се размрдале, се истресле и… Ни збор не кажале, отрчале во грмушките во близина и се скриле во нив. Св. Петар останал да ги почека и почнал да слуша офкање и стенкање од кај грмушките… Се подзамислил малку, ама си рекол:
– Ај ќе ги оставам, и тие луѓе се сега, да си останам на зборот.
По 15 минути излегуваат мажов и жената од грмушките и си се враќаат назад! Св. Петар погледнал на часовникот и им вика:
– Не, не… Не се брзајте, имате уште 15 минути! Еве, ако сакате вратете се во грмушките, имате време за уште една тура! Јас ќе ја свртам главата на друга страна!
Жената очигледно израдувана го фаќа мажот за рака, го влече кон грмушките и му вика:
– Одлично! Сега јас ќе го држам гулабот за крилјата, а ТИ СЕРИ МУ НА ГЛАВАТА!

Домашно

Малиот Трпе не го напишал домашното и сега учителката го кара:
– Добро бе Трпе, која ќе биде сега причината?
– Па, вчера го носев бикот кај кравата, и не стасав да напишам домашно.
– Е добро де, татко ти не можеше тоа да го направи?
– Па можеше, ама бикот тоа подобро го прави од татко ми!

Летање

Малиот Трпе ја прашува мајка си.
– Мамо ангелчињата летаат?
– Да сине, а зошто прашуваш?
– Тато вчера и рече на дадилката “ангелче”.
– Сине, таа уште денеска ќе лета!

Каснење

Цветко мртов пијан вози обратно во еднонасочна улица. Го сопира полицаец.
– Господине гледате ли што правите, кај сте тргнале?
– Хик, појма немам, и онака каснам, гледам сите веќе се враќаат.

Опера

Малиот Трпе го однеле на опера малку културно да го воздигнат.
– Мамо, зошто оној мавта со стапот?
– Сине тој е диригент.
– А зошто и се заканува со стапот на дебелана тетка?
– Ма не и се заканува…
– А зошто тогаш она вреска?

Струен круг

Колку плавуши се потребни за да се затвори струен круг?
– Две. Едната се бања а втората и подава фен!

Хемороиди

Трпе и Трпана у парк седат на клупа и се пипкаат. До нивната клупа си седи дедо.
– Трпанче, ти си мој лек, ти си лек за моето срце, ти си лек за мојата душа!
Дедото:
– А хемороиди, лечи?

Келија

Влегува управникот на затворот во келијата на Цветко:
– Зошто бе Цветко не стануваш да го поздравиш управникот?
– Мене ми рекоа дека треба две години да лежам!