Дома / Вицови (страна 271)

Вицови

Среќни луѓе

Летаат со авион Бранко и Никола. Никола некако замислен му вели на Бранко:
– Абе Бранко знаеш ли што си мислам! Да фрлам јас 100 евра од прозорец да усреќам некој во Македонија, што велиш?
На што Бранко рекол:
– А, да фрлиш ти 10 пати по 100 евра па да усреќиш десет македонци?
На што се јавил и пилотот, велејќи:
– А да се фрлите вие двајцата, па цела Македонија да ја усреќите?

Лов

Две мравки се враќаат од лов на слонови:
– Фати нешто?
– Не
– Лажеш, што ти е тоа меѓу забите?

Кино

Милчо Манчески му пушта писмо на Николче со една карта за на кино каде за прв пат се прикажува неговиот најнов филм. Николче му враќа писмо со карата и му пишува:
– Милче не можам да дојдам имам многу работа, ќе дојдам на втората премиера, ако воопшто има таква. Поздрав.
На што Милчо вратил со ново писмо и нови две карти за второто прикажување:
– Нема проблем Никола, еве сега ти пуштам две карти за да можиш да земеш некој пријател, ако воопшто имаш таков.

Крадец

Наставникот го прашува Трпе:
– Како се вика човекот што краде од други луѓе?
– Не знам!
– Размисли, сега неприметно да ја ставам мојата рака во твојот џеб и да извадам пари, јас би бил?
– Волшебник!

Кило мозок

Некој обичен човек, толку многу изнервиран што не добил унапредување минатата недела, отишол во болница да бара да му пресадат доволно мозок за да стане за 20% поинтелегентен. После 10 саати на интензивни тестови, болницата конечно реши дека човекот е достоен кандидат за трансплантација на мозок, па му дадоа на човекот ценовник со различни видови на мозок:
– Кило мозок од економист – 1000 евра.
– Кило мозок од професор – 5000 евра.
– Кило мозок од доктор на науки – 10.000 евра.
– Кило мозок од политичар – 50.000 евра.
Човекот нормално се изненадил на скапотијата викајќи им на докторите:
– Па добро бре луѓе како можи кило мозок од еден политичар да е 50.000 евра, тоа не го сфаќам?
На што докторите му одговорија:
– А, вие г-не знаете ли колку само политичари треба да заколиме за да собереме кило мозок?

Херојство

Наставничката го прашува Трпе што е тоа херојство.
– Херојство е кога на некој ќе го спасиш животот.
– Браво Трпе, а си спасил ли на некој живот?
– Да, на внук ми!
– А како?
– Па лесно, на сестра ми и ги скрив антибебе пилулите.

Мини здолниште

Кога девојките ќе облечат мини здолништа, момчињата стануваат срамежливи, постојано го наведнуваат погледот.

Штрк

Малиот Трпе прашува:
– Тетке, зошто немате деца?
– Па штркот не ми донел.
– А зошто не пробате со некое друго животно?

Азбука

Дошол Хитлер во Македонија, и вика денес ќе ве стреламе по азбучен ред!
Прво вика, ајде Албанците да исстапат. Никој не исстапува.
После вика, ајде белокапчињата да исстапат. Пак никој не исстапува.
После вика, ајде ватерполистите да исстапат. Пак никој не исстапува.
После вика, ајде Гегите да истапат! И пак никој не исстапува.
И малото албанче го прашува татко си:
-Абе тато, нели ние сме сите тие работи?
И таткото одговара:
– Не сине, ние денес сме Шиптари!

Глупа

Трпе како можеш да кажеш дека сестра ти е глупа? Одма да и се извиниш!
– Сестро, извини што си глупа.

Одговор

Трпе се враќа среќен и се фали на татко му:
– Тато, тато, јас бев единствениот што точно одговори на прашањето што го постави наставничката!
– Браво сине, а кое беше прашањето?
– Кој го скрши прозорот!