Дома / Вицови (страна 241)

Вицови

Покераши

Четворица другари играле покер кога едниот од нив на едно делење изгубил 2000 евра. Од преголем стрес кутриот добил срцев удар и починал на лице место. Другарите одкако од почит ја довршиле партијата стоечки, почнале да размислуваат кој и како ќе и соопшти на жената од покојниот. Влечеле ждребка и откако едниот од нив ја извлекол најмалата, останатите го предупредиле да биде внимателен и дискретно да ја соопшти лошата вест. Се сложиле и тој се нацртал пред вратата на сопругата.
– Добро вечер. Вашиот маж пред малку загуби 500 евра на карти.
Жената видно изнервирана:
– Ма кажи му нека цркне и да не се враќа дома вечер!!
– Во ред, ќе му пренесам!!

Пита

Oтишле Aнџелина Џоли и Бред Пит во пекара, и Анџелина рекла:
– За мене баничка, а за Бред пита.

Маж во куќата

Си биле Трпе и Трпана и Трпана секогаш го тепала и му наредувала на Трпе. Една вечер доаѓа Трпе камен пијан и Трпана го видела и почнала да го брка со сукалото низ куќа и Трпе се скрил под маса и таа почнала да му вика:
– Излези бе се да ти ебам!!
А Трпе и вели:
– Е не излегувам да се види еднаш кој е маж во куќата.

Варање

Трпе ја прашува Трпана колку пати го сфарала и она му вика:
– Два пати. Еднаш со играчите и еднаш со публиката.

Глувци

Мајка и син глушец отишле во кафана. После некое време покрај нив пролетал лилјак и малото глувче вика:
– Мамо, мамо, види ангел.

Наидување

Мујо и Хасо сакале да одат до град, ама биле во дилема:
– Ќе одиме ли пешки, или ќе чекаме автобус?
– Ќе видиме, кој прв ќе наиде.

Кока кола

За време на студената војна, стравот од комунизмот и Советското влијание беше распространет во повеќето западни земји. Следниов разговор се води во канцеларијата на американскот претседател.
– Господине Претседателе, Русите штотуку се спуштија на Месечината и почнаа да ја бојат во црвено. Работат брзо и една четвртина е веќе обоена во црвено.
– Ок па што е проблемот?
– Но г-дине Претседателе ако ја обојат во црвено, комунистичкиот симбол има да виси над глава врз целата светска популација.
– Не се грижи за тоа, остави ги нека си работат.
После два дена советникот влетува повторно во канцеларијата на Претседателот.
– Г-дине Претседателе, скоро се готови со половината.
– Не се грижи и остави ги да работат.
Подоцна истата недела советникот тажно објавува на Претседателот.
– Г-дине Претседателе ако погледнете нагоре ќе видите дека Месечината е цела црвена. Русите завршија.
-Ок, сега кога веќе завршија испратете шатл и нека нaпишат Кока Кола низ целото.

Промаја

Заглавил Цветко во кафеана мортус пијан.
Му приоѓа келнерот.
– Господине, јас се извинувам ама ние мора да затвориме.
– Многу ви благодрам, ме утепа промаја!

Кибрит

Како полицаец гледа во кибрит дали има чкорчиња?
– Кибритот го става до уше, и ја ниша главата.

Слушање

– Мамо изгледа дедо подобро слуша!
– Од кај знаеш?
– Па, вчера кога на вратата удри гром, дедо стана и свика:
– Повелете, влезете…