Дома / Вицови (страна 194)

Вицови

Не се гледа

Мујо го прашува Хасо:
– Што е подобро, да си глупав или да си келав?
– Да си глупав!
– E зошто глупав?
– Па затоа што не се гледа!

Гинеколог

На погреб кај интернист, сите роднини плачат што е нормално. Плаче ли плаче и колегата – гинеколог. Му пријдува една медицинска сестра:
– Аман докторе, разбирам роднините да плачат ама вие? Што е ова плачење?
– Види сестро, не плачам од жал туку што ќе биде по смртта моја. На овој што убав споменик му направиле во форма на СРЦЕ. А замислете каков ќе биде мојот споменик?!
– Докторе, професија си е професија. Мислам дека и формата на вашиот споменик скоро на сите мажи ќе им се допадне.

Рана

Ловец направил многу гревови и дошол ден ѓаволот да му суди. Ловецот бегал од соба во соба, пукал и ги испукал сите куршуми од пушките што ги имал но ѓаволот немал гајле. Одеднаш женаму извикува:
– Пукај мажу со к**от.
Слушнал ѓаволот и низ прозор му ја летнал да бега. Бегал ѓаволот, бегал преку 9 планини и цело време си мислел, што оружје ќе да е ова.
Така бегајќи сретнал на една меѓа во полјана една 80 годишна бабичка како си ги пасе козите.
– Мори бабо, да те прашам нешто, што е тоа к*р?
– Тоа е убаво нешто, ама и многу опасно. Клекни здола и погледни под фустанов.
– Аууу бабо голема дупка гледам имаш – рекол ѓаволот.
– Еее синко, гледаш! Тука сум погодена пред 60 години и уште не зараснала дупката!!!

Скок

Си биле двајца ненормални на стокатница и едниот му рекол на другиот:
– Е колку сакам да рипнам.
– Рипни, јас ќе те фатам.
Така и направиле и едниот чекал долe. Поминал човек и му го прашал што чека и овој му рекол:
– Еве го чекам другарот да скока да го фатам.
– Ти да не си улаф, ако го фатиш и тебе ќе те отепа.
– Не бе, прво ќе го оставам два три пати да скокне па после ќе го фатам.

Колено

Трпана на Трпета му евоцира спомени од детство:
– Кога бев мала соседот Трипун ме земаше в скут и убаво ме лулаше. Тој беше прекрасен човек.
– Па зошто сега го колнеш? – се чуди Трпе.
– Од каде да знам дека на тоа што ме лулаше не беше неговото колено.

Стриптиз

Еден дедо отишол да си ја земе пензијата. Ја зел, но не се прибрал цела вечер. Утрото бабата нервозно го прашува:
– Кај беше!?
– Бев на стриптиз и ја потрошив целата пензија.
Бабата уште понервозно му вика:
– Како не ти е срам. Целата пензија да ја потрошиш за некоја да ти се соблекува. Јас за 50 денари ќе ти се соблечам!
Дедото гледал, гледал и рекол:
– Евтино си е евтино…

Вселена

Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
– Шарко!?
– Ав, ав!
– Притисни го црвеното копче!
И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата:
– Мурџо!?
– Ав, ав!
– Притисни го жолтото копче!
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
– Плавушата!?
– Ав, ав!
– Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.

Портокали

Полицијата ги уапсила сите проститутки во градот. Бидејќи немало место во станицата, ги наредиле да чекаат надвор. Поминала една баба и запрашала една проститутка:
– Што чекате овде?
Проститутката размислила и одговорила:
– Делат портокали па чекаме ред.
И бабата се наредила во редот.
Кога стигнала на ред полицијата ја прашала:
– Зарем и вие бабо?
На тоа бабата одговорила:
– Па синко јас ја тргам протезата и цицам.

Жена

– Капетане, жена ти дојде кај тебе!
– Војниче на кого така му зборуваш? Ќе кажеш: „Жена Ви дојде кај Вас”.
– Кај нас беше вчера, капетане!