selotejp
29/07/2011
Прашање - Одговор
711
Како гласи питагорова теорема за недвижнини?
– Квадратот во центар е еднаков на збирот на два квадрата на периферијата на градот.
Hristijan
29/07/2011
Виц на денот, Разно
601
Еднаш многу одамна си живееше еден дечко кој ја запросил девојката:
– Ќе се омажиш за мене?
– Не!
И така дечкото си живееше среќно до крајот на животот гледајќи фудбал и пиејќи пиво кога и да посака!
selotejp
28/07/2011
Прашање - Одговор
1,408
Прашања:
1. На што се фаќа зимскиот цар?
2. Каде се откриени најголемите лежишта на природен гас во нашата земја?
3. Како од слон да не добиете кивавица?
4. Кои се нашите најпопуларни автори?
Одговори:
1. На зимска царица.
2. Во гравот.
3. Така што сурлата ќе му ја врзете во јазол.
4. Народен лекар и Мој готвач.
selotejp
26/07/2011
Разно
921
Однел еден скржавец кондом кај вулканизер. Овој нервозно го прашува:
– Добро бе, чоек, колку пати ќе го лепиме?
А стиснатиот:
– Ама не, го донесов на балансирање. Ми занесува на една страна!
selotejp
26/07/2011
Виц на денот, Разно
3,423
Господин во години влегува во теретана. Вежба некое време и тогаш забележува исклучително згодна млада жена како влегува во салата. Тој го повикува тренерот и го прашува:
– На која справа би требало да одам за да можам да ја импресионирам оваа убавица?
Тренерот го одмерува од глава до петици и одговара:
– Хм, обидете се со банкоматот во претсобјето!
selotejp
25/07/2011
Прашање - Одговор
636
Што е наркоман?
– Возрасен човек кој се игла со здравјето.
Energija
25/07/2011
Разно
1,024
Дечкото ја прашува девојка си:
– Злато сакаш ли да си поминеме феноменален викенд?
– Важи бе сонце, се гледаме во понеделник.
janaki
25/07/2011
Виц на денот, Црн хумор
7,842
Вознемирен возач запира во едно село и прашува:
– Дали некој во селово има црн коњ?
– Не.
– А дали некој има црн вол?
– Не.
– А некое големо црно куче?
– Не.
– Значи, сум го згазил попот…
selotejp
24/07/2011
Прашање - Одговор
656
Зошто желката јаде брза храна?
– За да победи на олимпијада.
selotejp
24/07/2011
Виц на денот, Животни
832
Земала кокошка да чита весник на друга кокошка. Стигнува до црната хроника и вели:
– Пак масакр: еден омлет – четири мртви.
ivana ikonomova
23/07/2011
Виц на денот, Личности
4,576
Мујо и Хасо ограбиле пошта и секој си земал по една вреќа. По неколку месеци Мујо го прашува Хасо:
– Што имаше во твојата вреќа?
– Па, околу половина милион евра. Купив куќа, кола. А во твојата?
– Мојата беше полна со сметки. Плаќам секој месец колку што можам!
selotejp
23/07/2011
Прашање - Одговор
645
Што е социјална помош?
– Количество пари со кое не може да се преживее, а кое не ви дозволува ни да умрете од глад.
Yamaha
23/07/2011
Разно
2,057
Разговараат двајца цимери и едниот му вика на друциот:
– Абе цимер да не се прости со жена ти, оти вчера гледам цепевте дрва.
– Не бе цимер, какво простување го делевме намештајот!
selotejp
22/07/2011
Виц на денот, Разно
2,250
Турист во Охрид нарачал виски. Кога келнерот му ја донел пијачката овој рекол:
– Ве молам, донесете и малку мраз.
А келнерот:
– Аиии, да не сакаш можеби и скии!