Дома / Вицови (страна 171)

Вицови

Исти ја

Трпе се фали на другарите:
– Ми се роди син! Личи на мене кога сум пијан. Се кара со сите и постојано бара цицки…

Трудна

Дечко: Морам да ти кажам нешто.
Девојка: И јас исто.
Дечко: Раскинуваме.
Девојка: Ама, јас сум трудна!
Дечко: E јебига, јас прв реков!

Тревата гори

Аспарух дошол на гости во Македонија. Но во тоа време му се присерило и отишол во веце, ама таму немало тоалетна хартија и рекол:
– Щом няма тоалетна хартия, ще се исбришам с тревата.
Но наместо трева тој земал коприва. По некое време почнало да го чеша гaзот, тој се изненадил и рекол:
– В Македония и тревата гори!

Собирање

Мајката го прашува првооделенчето:
– Колку е три плус четири?
– Седум.
– А колку е седум плус пет?
– Не знам! До дванаесет се уште немаме учено.

Рецепт

Трпе се враќа дома весел.
– Жено го продадов твојот рецепт за колачите.
– Браво, а на која фирма?
– На Цементара.

Бело

Зошто невестите секогаш се облечени во бело?
– За да им оди бојата со машината за перење, фрижидерот….

Бербер

Муштерија ја отвора вратата од бербрницата и го прашува берброт:
– Мајсторе, за колку време ќе дојдам на ред за потстрижување?
Мајсторот, погледнува во дуќанот, па вели:
– За оклу 2 часа.
Муштеријата си заминал, а повторно се појавил после неколку дена. Го поставил истото прашање и си заминал. И тоа така се повторувало неколку месеци, па мајсторот му рекол на чиракот:
– Оди и следи го оној чуден муштерија.
По враќањето, чиракот го известува мајсторот:
– Мајсторе, од тука, муштеријата отиде право во твојот стан.

Заводник

Во кафич доаѓа некој дечко до некоја девојка и и вика:
– Секогаш кога ќе се насмевнеш ми доаѓа да те поканам кај мене!
– Леле, баш си заводник!
– Не, не, не сум заводник, јас сум забар!

Страст

Разгова Трпе со другар му.
– Сто пати и реков на онаа мојана, дека една вистинска врска мора да содржи многу повеќе страст.
– А таа, што вика?
– Во потполност се сложи, и си фати друг дечко!

Ракија

Која е разликата меѓу жената и ракијата?
– Ракијата е подобра кога е домашна и стара, а жената кога е туѓа и млада!

Дневник

Трпе водел дневник:
20.10. Цела недела врне дожд – истура. Трпана е тажна, цело време гледа низ прозорецот. Се плашам дека ако потрае вака ќе мора да ја пуштам внатре.

Ружно куче

Разговараат две плавуши.
– Од каде ти е ова ружно куче?
– Ми остана од претходниот дечко.
– Па да бидам искрена, можеше и да го абортираш.

Ѓубреџија

– Конкурирате за работното место “ѓубреџија”? Какво искуство имате со собирање на ѓубре?
– На некој начин, имам големо искуство. Повеќепати се женев!