Дома / Вицови (страна 150)

Вицови

Паричник

Судијата му вели на обвинениот:
– Господине, должност ви била најдениот паричник веднаш да го однесете во најбилската полициска станица.
– Знам господине судија, но кога го најдов паричникот беше недела и во станицата немаше никого.
– А зошто тоа не го сторивте во понеделникот?
– Па, тогаш во паричникот немаше ништо…

Истрага

Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
– Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
– Аааа… четири.
– Во ред. Квадратен корен од 100?
– 10?
– Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
– Не знам…
– Добро, размисли и дојди утре.
Пријателката и се јавува на плавушата:
– Те вработија ли?
– Не само што ме вработија, – се фали плавушата – веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам.

Адреса

Момче: Здраво убава, имаш msn?
Девојче: imamdecko@odiupm.com
Момче: Еве ја мојата jassumtvojotbrat@keteubijam.com
Девојче: OK,извини! Евe ja моjaтa правилнa aдрeсa: nemekazuvaj@namama.com

Пороци

Трпана на кафе муабет со некоја пријателка разговараат за пороците на младината, и Трпана вика:
– Знаеш, јас полесно би прифатила ако Трпе џуниор е хомосексуалец отколку наркоман…
Во истиот момент од собата на Трпе џуниор се слуша:
– А, јас попрво би примил игла!

Најстарата работа

Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на светот. Хирургот вели:
– Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил многу добар.
На тоа архитектот вели:
– Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите?
Го прекинува политичарот:
– Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?

Ластовички

Професор по биологија му објаснува на пријател :
– Иако може да донесат птичји грип, ластовичките се всушност многу корисни птици. Ги јадат мувите.
Пријателот „бледо“ го гледа и му враќа:
– Глупости!!! Во зима нема ниту една мува, а кога ќе долетаат ластовичките – муви насекаде!

Мртовечница

Некој доктор носел инвалид некаде и:
Индалидот: Докторе каде ме носите?
Докторот: Во Мртовечница.
Инвалидот: Па јас уште не сум мртов.
Докторот: И ние се уште не сме во мртовечница.

Заборавање

После венчкавката Трпана му вика на Трпе:
– Мажу, сега се венчавме, од сега па натаму заборави ги сите од минатотот, исто како да сум ти прва.
– Немај галје Трпано, веќе има кандидатки за во иднината.

Стока

Некој селанец дошол во градот и се возел со автобус. Некоја девојка го згазнала селанецот со штикла по ногата и почнала да му се извинува. Овој се свртел и и рекол:
– Девојко, не се секирајте, ние од село навикнати сме стоките да не газат.

Можење

Двајца пензионери прават муабет:
– Абе, можеш да имаш секс?
– Да чукнам во дрво, можам.
– Абе и јас можам да чукнам во дрво, ама дали можеш да имаш секс?

Паста

Малиот Трпе го прашува татка си :
– Тато, тато, знаеш ли колку е долга пастата за заби???
– Не сине.
– Паа… од лавабото до вратата од терасата.

Пушка

На Трпе му било роденден и Трпана го прашала каков поклон сака, а Трпе и рекол:
– Сакам пушка!
– Не, не, пушка не доаѓа во предвид.
– Ама, стварно сакам пушка.
– Трпе, ти реков, не може пушка! Одбери си нешто друго.
– Ама, јас сепак сакам пушка!
– Значи реков не, не и не! Кој овде одлучува?
– Ти Трпано, али кога би имал пушка…