Дома / Вицови (страна 134)

Вицови

Најбрзо на светот

Се расправале четворица што е најбрзо на светот.
Биологот тврди: „Најбрзо е трепкањето со окото. Се случува, а никој воопшто не забележал дека се случило.“
Физичарот пак вели: „Најбрза е светлината. Кога ќе притиснете на прекинувачот, таа стигнува до вас со брзина од 300.000km/s. Нема поголема брзина во природата.“
Филозофот тврди: „Најбрза е мислата. До неа за момент можеш да стигнеш било каде на светот.“
Селанецот не се согласил со ниту еден од нив:
– Кога веќе ве сослушав вас учените, сфатив дека најбрза работа на светот е проливот. Кога ќе те стегне, стигнува пред да трепнеш со окото, пред да запалиш светло или да помислиш било што – веќе си завршил работа!

Лотарија

Трпана си доаѓа дома со нови обетки. Трпе ја прашува:
– Од кај ти се?
– Ги добив на лотарија.
После некое време пак:
– Од кај ти се обетките?
– Ти реков ги добив на лотарија.
После 2 недели, Трпана си доаѓа дома со 2 карти за одмор во Шпанија. Трпе пак ја прашува:
– Од кај ти се картите?
– Ги добив на лотарија.
Во Шпанија Трпе лежи на плажата и и довикува на Трпана која е во водата:
– Трпано, излези од водата, ќе ти настине лотаријата!

Што праиш?

Здраво, шо праиш?
– Еве размислувам за тебе, ми фалиш, те сањам секоја ноќ. Едноставно не можам без тебе!
Ти?
– Еве јадам чипс.

Маченце

Малиот Трпе и вика на мајка му:
– Мамо, отсега ќе си имаме маченце дома.
– Од кај знаеш?
– Тато го покани кога ти ќе бидеш ноќна смена.

Претензии

– Шефе, какви претензии имате кон секретарката. Таа ќе ви ги погоди сите желби!
– Да, но не ги исполнува!

Мајчински совет

Мајката ја советува ќерката:
– И добро запамети, со својот иден сопруг не смееш да бидеш интимна пред бракот, разбра!?
– Да, само не ми е јасно зошто само со него?

Обраќање

Црногорец направил дете и му вели на својот пенис:
– Е, јуначе овој пат бадијала не се крена.

Контрола

Oтишол министерот за здравство во контрола во болницата во Охрид. Влегува во болничка соба, гледа чисто, пријатна температура, светло. Во собата тројца пациенти.
Министерот оди кај првиот и прашува од што бил болен, каква е негата, храната …
– Ме оперираа од кила. Ќе ме отпуштат за четири дена. Храната е добра. Болничарите секојдневно ни менуваат постелнина.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Не, не, сè е добро.
Вториот кажува:
– Ме оперираа од хемороиди. Ќе ме отпуштат за три дена. Сè е добро. Сестрите внимателни, редовно ни мерат температура, ни даваат терапија.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Не, не, сè е добро.
Министерот оди кај третиот:
– Како се чувствувате Вие?
– Добар сум, излегвам за два дена. Ме оперисаја од крајници. Сè е добро.
– Нешто да се пожалиш – прашува Министерот?
– Добро е, имам една молба ако мојт, ама да не се сфатит дека нешчо пребарувам – едвај збори пациентот.
– Да, да повели!
– Ама да не се сфатит дека нешто не ми е како што треба…
– Да, да, кажи!
– Ако можит мојов кревет да го клајте најблизу до вратана!
– Зошто?
– Ами, кога идат докторон на сабајле почвит да прегледвит по ред пациенти од вратана па наваму. Ќе го фатит првион за јајца, на вторион ќе му ги пикнит прстите в газот, и најкрај ќе ми ја пикнит мене раката в уста. Ако мојт да ме преклајте до вратана, знам ушче два дена ми останаја, ама да не се сфатит дека нешчо пребарвам!

Избушени кондоми

– Зошто сте толку загрижени, соседу? – го запрашал келнерот својот редовен гостин.
– И ти би бил ако твојот син и направи дете на куќната помошничка!
– Не се сомневам, но колку што знам, вашиот син има само 5 години…
– Да, но знаеше со игла да ми ги издупи сите кондоми што ги нашол дома!

Забрана

Царот Лав им забранил на Меца и Зајко да се дружат. Мечката и зајакот се договориле да одат во кафана за да направат план против лавот. Лавот разбеснет влегол во кафана и Меца за да се спаси го бутнал Зајко во крзното. Кога лавот ја прашал Меца што ставила во крзното таа само силно замавнала по градите и рекла:
– Си носам слика од Зајко.

Три задачи

Влегува Цветко во бар во Германија и гледа еден огромен сад полн со банкноти од по 100 евра и го прашува шанкерот:
– Што се овие?
– Кладба е, ставаш стотка во садот, јас ти давам 3 задачи, ако ги испилниш парите се твои.
– А какви се задачите?
– Стави стотка и ќе дознаеш.
Од љубопитнос Цветко става сто евра во садот.
– Значи треба да испиеш шише текила на екс, овде зад барот има еден питбул треба да му го извадиш расипаниот заб со голи раце, а над нас живее една 80 годишна баба која мечтае некој да ја задоволи за последен пат.
Цветко си помислил:
– Задачите се тешки, ама со мака сум ги заработил стоте евра и не се откажувам.
Го крева шишето текила и го пие на екс, потоа оди зад барот од таму се слуша борба, кршење, кучешко ржење, а потоа и кучешко завивање. Се стишува.
Се појавува Цветко целиот распартален и прашува:
– Каде е бабата со болниот заб?