Дома / Вицови (страна 133)

Вицови

Големи гради

Се натпреварувале 3 деца чија мајка има поголеми гради:
– Моја мајка има гради како фудбалска топка.
– Тоа не е ништо. Мојата мајка има гради како две фудбалски топки.
– Јас вчера кога го носев градникот на мајка ми на хемиско чистење ми рекоа дека не примаат падобрани.

Фини Дечки

Вчера ми изгаси колата на Бит Пазар, среќа дојдоа едни фини дечки па ми ја запалија.

Оставање

Се враќа Трпе дома и им вели на родителите:
– Слушајте, имам една добра и една лоша вест. Добрата е дека ја оставив дрогата, а лошата е дека не знам каде сум ја оставил.

Гатачка

Гатачка му гледа на Цветко на дланка:
– До 40 години нема да имаш пари. И мноооогу ќе се секираш.
– А после?
– После? После ќе се навикнеш.

Искреност

Цветко отишол на интервју за работа. Работодавачот го прашува:
– Што мислите која е вашата најголема слабост?
– Искреноста.
– Јас не мислам дека тоа е слабост.
– Кур ме боли што мислиш.

Рака

Трпе се заљубил во ќерката на локалниот месар и отишол да ја побара за жена директно кај него.
– Здраво, ја сакам раката на вашата ќерка!
А месарот му одговорил:
– Ја сакаш цела, или да ти ја исецкам за на скара?

Јабуке

Зборив две плавуше. Прва вика:
– Доктор ми кажа наредну недељу да живу само на јабуке.
Овај друга:
– А што ако паднеш?

Миење заби

Трпе чита весник и и вика на Трпана:
-Замисли Трпано, во весников пишува дека секогаш кога ќе вдишам и издишам, умира по еден човек!
-Нормално, кога не ги миеш забите!

Улов

Седи рибар на брег од едно езеро и лови риба. Му приоѓа еден човек и го прашува:
– И, како оди ??
– Одлично !! Уловив крап од 20 килограми.
– Прекрасен улов. Но, да се претставам, јас сум чуварот на ова езеро, а овде риболовот е забранет.
– А јас господине сум најголемиот лажго меѓу рибарите.

Аутомеханичар

Отишле Трпе и Цветко на аутомеханичар.
Аутомеханичарот отвора хауба во Мерцедесот на Трпе и вика:
– Ииии да ти ибам колкав мотор, кај ги спикале другите работи?
Трпе гордо му враќа:
– Па имаш еве од страна, горе доле, се снашле, паметни луѓе.
Отвора механичарот во Фиатот на Цветко и гледа полупразно, вика:
– Иии добар акумулатор, Black Horse ти е?
На тоа Цветко враќа:
– Не бе друже не е акумулатор, моторот е тоа.

Гинеколог – механичар

Трпе решава да биде автомеханичар, но неговата мајка била принципиелна жена, па го натерала да биде доктор, сметајќи дека оваа работа не е престижна. Така тој станал гинеколог. По смртта на мајка му, Трпе се откажува од работата како доктор и започнува да работи како автомеханичар кај некој пријател. По некое време за тоа дознава неговиот вујко, и оди кај работодавачот и го запрашува:
– Како е внук ми гинекологот?
– Одличен е. Успеа цел мотор да расклопи, да го пронајде дефектот и пак да го склопи, и сето тоа преку ауспухот.

Со пријателка

Трпе оди во бањата, се јавува на домашниот телефон, Трпана крева и со шепот и вели:
– Мила, те сакам.
Излегува Трпе од бањата и ја прашува Трпана:
– Драга, со кого разговараше на телефон?
А таа му одговара:
– Со една пријателка.