Група новинари го сретнуваат Кристијано Роналдо и го прашуваат: – Господине како мислите дека ќе заврши утрешниот дуел помеѓу екипата на Барселона и екипата на Реал Мадрид ? – Со победа на Барселона. – А резултат? – Хмм.. Па зависи од тоа колку голови Меси планира да постигне.
Повеќе...Срце
Кога некоја жена ќе ти го подари своето срце, оди па ослободи се од сето она што со него оди.
Повеќе...Комшија
Кога синот личи на таткото тогаш тоа е генетски, а кога личи на комшијата тогаш тоа е влијание на околината.
Повеќе...Спортски дух
Американец и Англичанец разговараат: – Чуден народ сте вие англичаните… досадни, затворени. Само за спорт зборувате. Зошто не се мешате со други? Видете ме мене на пример: имам ирска крв, и италијанска, дури малку и мексиканска и тоа кралска. Што ќе кажете на ова? – Што да кажам… Мајка ви …
Повеќе...Спиди Гонзалес
Ако Спиди Гонзалес е брз, тогаш што да речеме за камерманот?
Повеќе...Домашна
Наставничката го прашува малиот Трпе: – Трпе каде ти е домашната? – Немаме веќе од домашната наставничке, ја испивме, само купечка ракија имаме.
Повеќе...Слобода
Сопругата на штотуку осуденик на 10 годишна казна затвор, го прашува адвокатот : – Би сакале ли ова писмо да му го предадете на маж ми ?? – Да, но според законите, јас морам да ја знам неговата содржина. – Пишувам дека му ја враќам слободата.
Повеќе...Кој е луд?
Разговараат двајца другари. – Луд е оној кој зборува и никој не може да го разбере. Ме разбра ли што сакав да кажам? – Не, одговори другиот.
Повеќе...Сенилен
Заборавив што беше тоа сенилен.
Повеќе...Трева
Граѓаните желни за зеленило во парковите пасат трева.
Повеќе...Птици
Разговараат двајца луѓе и едниот му вика на другиот: – Ај наброј ми три птици! – Добро. Соколче, орелче.. – Абе добро зошто се со -че ги кажуваш? – Е добро де, ВРАП!
Повеќе...Шема на разговорот
– Жената го има последниот збор во која и да било караница. – Зошто? – Затоа што се што потоа ќе каже мажот е почеток на нова караница.
Повеќе...Трпе на одмор
Трпе се враќа од годишен одмор. Колегите го прашуваат: – Трпе, како си помина на одмор? – Исто како во војната – одговара Трпе. – Е како тоа? – прашуваат колегите – Епа така. Јас бев во шумата, а Германците во хотелите.
Повеќе...Не кажувај либе добра ноќ
Не кажувај либе добра ноќ не оди офлајн рано ти, најзгодно време е во ноќта прекрасна е оваа ноќ за чат. Сите спијат а ние сме Online користи чат драги ти мене, чатувај, чатувај бескрајно волшебна е ноќ за сурфање! Јас знам дека со друга чатуваш ти јас знам дека …
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија