Vicoteka.mk

Задача

Еден автобус тргнал од Скопје до Велес во 9 часот наутро а стигнал во 10 часот и притоа возел со брзина од  95 km/h. Најди ја плоштината и волуменот на автобусот ако се знае дека шоферот на полугодие во 6 одд има 4 по француски.

Повеќе...

Директор

Учениците добиваат состав за писмена работа: "Што би направиле доколку сте директор"? Сите ученици пишуваат само малиот Трпе седи и чека. Учителката налутено го прашува: -Зошто не пишуваш? -Чекам да дојде секретарката да и издиктирам.

Повеќе...

Стрелање

Трпе го осудиле на смрт со стрелање. Тој пак се жали:– Абе јас ја признав вината, а кој признае пола му се простува!– Знаеме бе Трпе, затоа те стрелаат 5 души наместо 10.

Повеќе...

Маски

Учителката го прашува малиот Трпе:-Зошто пред и после операцијатахирурзите носат маски?-За да не ги препознаат разлутените пациенти!

Повеќе...

Собом

Никола Груевски бил во посета на Србија и отседнал во некој хотел. Арно ама имал проблеми со собата и слегол да се пожали на рецепционерот. Но исто така слабо му одел и српскиот.– Имам поблеми са собом ! – Ок. Али ја нисам психијатар ! – рекол рецепционерот

Повеќе...