Дома / Вицови / Виц на денот / Паметно куче

Паметно куче

Во една месарница, влегува куче, но месарот веднаш го брка надвор. Сепак тоа е упорно и постојано се враќа држејќи платнена торба во забите. По некое време месарот, љубопитен, ја зема торбата и гледа што има во неа. Внатре наоѓа плико со 1,000 денари и писменце во кое пишува:
– Ве молам дајте ми пола кило јунешко и кобасици за останатите пари.
Зачуден и уште пољубопитен, месарот го прави токму тоа. Кучето излегува, а тој се решава да го следи. Кучето минува на пешачки премин, застанува н автобуска станица и чека автобус. Се качува и се вози пет станици, потоа се симнува, чека на семафор и поминува кога се пали зелено, потоа доаѓа до една куќа, гребе на влезната врата, но никој не му отвара. Тогаш оди од страна и скока на прозорецот неколку пати додека еден човек конечно не го забележи, му отвори и почне да вика по него:
– Идиоту еден, колку пати ќе ти се случува истото, да не можеш да се научиш, глупав еден…
Тогаш месарот скокнува од грмушката каде што се крие и револтиран доаѓа до човекот па му вели:
– Како така викате по кучето, па тоа е сигурно најпаметното куче на светот.
– Овој паметен? Да беше паметен немаше трет пат да го заборава клучот од вратата.

Поука од приказната:
Колку и да изгледате умешен и паметен за околината, никогаш нема да бидете доволно добри за вашиот шеф.

Обиди се со

Задоволство

Жената му вели на мажот: – Душо, измислив начин како да чувствувам задоволство од сексот ...