Дома / Вицови / Лудница (страна 3)

Лудница

Молер

Молер ја молерисова Лудницата. Двајца лудаци стојат под неговата скала и разговарааат:
– Еј сакаш ли да му ја тргнеме скалата да падне.
– Џабе!!! Се држи за четката.

Множење

Си биле тројца луди и му рекле претпоставените во лудницата ако го погодат прашањето што ќе му го постават дека ќе ги пуштат. Го прашуваат првиот:
Кажи колку се 5*5!
И овој вика: 125 и му кажале дека не е за пуштање.
Го прашуваат вториот истото прашање и овој им рекој дека 5*5 се вторник и него му го дале истиот одговор дека не е за пуштање и на крај и на третиот му го поставуваат истото прашање колку се 5*5 и овој вика 25 колку може да се…
И го пуштаат да си оди дома и на одење го прашуваат како го добил одговорот и овој вика:
– Па го поделив 125 со вторник, и добив 25!!!

Луле

Нашле двајца лудаци пиштол, па првиот вели:
-Види, види, универзално луле!- и ја ставил цевката во уста!
-Види, види, има специјално палење! – рекол другиот и го повлекол чкрапалото.
-Уф да ти е*ам јак тутун!

Сунѓер

Мрднатиот Цветко го пикнале во лудница. Во ќелијата имало жолт сунѓер и Цветко го изел и кога дошле виделе дека го нема сунѓерот пак ставиле плав, зелен, портокалов, црвен, бел, он сите ги изел потоа ставиле зелен сунѓер и утредента кога влегле во ќелијата го гледаат зелниот сунѓер на  место и го прашува еден човек зашто не го изеде овој сунѓер и Цветко рекол:
– Аааа овој не е зрел види каков е зелен!

Испитување

Во лудница испитуваат дали се излечени двајца луди.
Отишол првиот и му рекле:
Кој прв стапнал на месечината?
И тој одговорил:
– Јуриј Гагарин.
Кој ја нацртал Мона Лиза?
– Леонарно Да Винчи.
Дали на месечината има живот?
– Се мисли но сеуште не е откриено.
И првиот му ги кажал на вториот одговорите. И почнале да го испитуваат вториот.
Го прашале:
-Како се викаш?
И тој одговорил:
– Јуриј Гагарин.
Како се вика татко ти?
– Леонардо Да Винчи.
Дали си луд?
– Се мисли но сеуште не е откриено.

Спасител

Еден лудак трчал околу лудница и наеднаш здоглеал некоја жена kај што се дави. Чекај рекол,а да скокнам и да ја спасам можи ќе ме пуштат после да си одам дома.
Така и направил и после тоа оди кај дежурниот лекар и му вика:
– Докторе, додека трчав здогледав една жена кај што се дави…
– И ти што направи?
– Па скокнав и ја спасив.
Ааа, браво, значи си направил добро дело…И каде е сега жената?
– Ене ја онде, ја обесив да се суши.

Фудбал

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
– ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.

Луд е

Се јавува директорот на лудница во полициска станица и бара помош за фаќање на пациентот кој избегал тој ден.
– Висок е метар и педесет, многу е слаб и тежок околу двеста килограми…
– Тоа не е можно, човек од метар и педесет, слаб, а тежок двеста килограми?!
– Па нели ви реков дека е луд!

Базен

Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
– Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на нозе, единствено јас скокам на глава, а директорот на лудницата ни рече, ако бидеме добри, ќе го наполни базенот со вода…