Дома / Вицови / Црн хумор (страна 10)

Црн хумор

Живко

Се родило мртво дете и докторот ги прашува родителите како сакале да го крстат, и двајцата на глас:
– Живко!

Убиство

На суд:
– Зошто ја убивте вашата сопруга, а не нејзиниот швалер?
– Па полесно е да убиеш една жена, отколку секој ден нов маж.

Мали деца

Во кафана влегува човек со куче и му вика на келнерот:
– Служите ли мали деца?
– Да. – Одговара келнерот.
– Добро, тогаш мене дајте ми едно пиво, а за кучето две мали деца.

Зрачење

Што и вика заљубен дечко од Чернобил на својата девојка ?
– Душо ти просто зрачиш.

Конзерва

Вампир го довлечкува ковчегот до пред врата. Му отвара синчето вампир:
– Леле бе тато, пак ли конзерва за вечера.

Шеф

Пријателот му се фали на Цветко:
– Станав шеф, имам 12 луѓе под мене!
– Ма тоа не е ништо, јас имам 10.000 луѓе под мене!
– Ууу, па што работиш ти?
– Косам трева на гробишта!

Прегазен

Докторот оди на визита и ја прашува сестрата.
– Сестро, оној човекот што го примивме вчера, што го прегазил валјак, во која соба го сместивте!
– А да, во 12,13 и 14-та.

Facebook

Дедо му на Трпе седи во дневната и си чита весник и доаѓа до делот за некрологот, во тој момент влегува внук му Трпе:
-Што бе дедо, пак на facebook?

Една нога

Што е тоа што повеќето луѓе не го можат, а човек со една нога го може?
-Шпага.

Гробишта

Одел некој човек по патот и го сретнува пријателот:
– Каде одиш пријателе?
– На гробишта. – одговорил другиот.
– Ќе палиш свеќа?
– Не, ќе одам да видам што има ново.