Некој лав во зоолошка градина нападнал девојче. Тоа го видел некој човек, го убил лавот и го спасил девојчето. Утре дента во весник излегло:
– Скопјанец убил лав и спасил девојче.
Човекот отишол кај новинарите и им кажал дека не е од Скопје. Утре дента излегло:
– Македонец убил лав и спасил девојче.
Човекот пак отишол и кажал дека не е од Македонија, туку од Грција. Утре дента излегло во весникот:
– Улав Грк убил лав, миленикот на децата.
Обиди се со
Урина
Баба носи урина на контрола. – Бабо, ова што имате донесено е зејтин! – Зејтин? …
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија