Бизнисмен си купил џип 4х4 и го паркирал пред зградата во која живее.
Во текот на ноќта локалниот пијаница Трпе случајно го здогледал натписот 4×4, извадил шајка и допишал 4х4 = 16.
Наредниот ден сопственикот бесен го однел џипот на сервис за да му го префарбаат тој дел.
Следната ноќ се повторило истото и така цела недела.
Конечно бизнисменот се сетил и си нарачал во автосервисот натпис 4х4 = 16 и задоволен си го паркирал џипот пред зградата.
Вечерта кога пијаницата го видел новиот натпис, ја извадил шајката и напишал „ТОЧНО!“
Обиди се со
Прозори
Вчера баба ми ги бришеше прозорите… Денес, се стемни 2 саати порано!
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија