Шетаат Прилешчанец и Охриѓанец, и Прилепчанецов му вика:
– Зошто вие Охриѓаните на секој збор клавате "Т"
Охриѓанецов:
– Се заприметвит?
После капење
Плазма
Животинска дупка
Трчал зајакот низ шумата и наеднаш паднал во голема дупка и почнал да рипа за да се качи, но не можел, погледнал наоколу и рекол:
– Ааааа, еве тука има вода за пиење и трева за јадење, убаво е за живеење.
По некое време паднала и лисицата во истата дупка, почнала да рипа ама не можела да се качи, погледнала наоколу и рекла:
– Аааа, еве тука има зајак за јадење и вода за пиење, убаво е за живеење.
По некое време во дупката паднал и волкот, пробал да излезе и кога видел дека не може погледнал наоколу и радосен рекол:
– Аааа, тука било убаво за живеење, има зајаче за јадење, вода за пиење и лисица за ебење.
И по некое време во дупката паднала и мечката, пробала да излезе, но видела дека не може и погледнала наоколу и рекла:
– Аааа, тука било убаво за живеење, има зајаче за јадење, вода за пиење и лисица за ебење. Но наеднаш се завртела во другиот ќош и го видела волкот како се крие и насмеано рекла:
– Оооо, и волк за тепање.
Игли
Корнфлекс
Почитување
Одат маж и жена на суд за развод. Судијата им вели седнете и кажете ми што е проблемот.
Мажот:
– Почитуван судија, првата брачна ноќ се ебеше со мене, а одма другиот ден со комшијата.
Судијата:
– Ве молам бидете покултурни!
Мажот:
– Добро, првата ноќ се почитуваше со мене, потоа се почитуваше со комшијата. Во ред?
Судијата:
– Да, а што беше поентата?
Мажот:
– Абе почитуван судијо.
Кладилница
Оди старец со внукот во продавница и гледа млечни производи. Здогледува кисело млеко и гледа 3,2% млечна маст. Оди збунето кај продавачот и му вели:
– Ваше Височество, од кога стана објектов кладилница?
Продавачот збунето му одговара:
– Господине, што е проблемот, зар не гледате дека е продавница?
Стариот:
– Хаха, те заебав со внук ми сум дојден…
Си одам
Мора диплома
Отишол брат му на Трпе на печалба во Германија со целото семејство. После некое време таму заработиле многу пари и затоа се јавил братот кај Трпе:
-Абе брат, тука имаме многу пари и несакам да си го расипам детето. Ај да го пратам назад во Македонија, најди му некоја работа таму.
-Нема проблем. Ке му купам еден бутик, ќе заработува најмалку 500 евра месечно.-рекол Трпе
-Ма какви 500 евра многу се, ќе се расипе детето. За помалку пари најди нешто.
-Добро бе брат,рекол Трпе, ќе му купам тезга на пазар и ќе заработува 250 евра месечно.Може така?
-Не Трпе, најди некоја работа што ќе го плаќаат 100 евра.
-Еееее за плата од 100 евра, во Македонија ти треба диплома, рекол Трпе.
Вера
Си биле Христијанец ,Муслиманец и Будист и се карале чија вера е посилна така докажувајки се договориле да се фрлат од зградата и кој ке биде спасен од нивниот бог таа вера е најсилна…Се фрлил Муслиманецот почнал да вика Алах Алах, но Алах не му помогнал па така паднал и умрел…Се фрлил Будистот и почнал да вика Буда Буда Буда и се издигал нагоре и не умрел!! Дошол на ред Христијанинот се фрлил и почнал да рецитира Во името на отецот синот и … видел дека не бидува и дека се уште паѓа се исплашил и почнал да вика БУДА БУДА БУДА БУДА БУДА!!!!
Полицаец и магаре
Се шетале двајца селани и едниот го прашува другиот шо мислиш бе, која е разликата меѓу полицаец и магаре?
Пред да одговори другиот селанец …тап, полицаецот од зад нив го фака за рамо и му вели:
– Е ајде де кажи сега шо има разлика меѓу магаре и полицаец.
Селанецот се збунува и вели епа нема ништо разлика господине полицаец!
Полицаецот издишува и вели:
– Уф добро е мислев дека ке кажеш оти има разлика!!