Дома / Вицови (страна 333)

Вицови

Научи ли ?

Одат Казаки Шаиба и Сум Ли на поправен испит на факултет.
– Казаки Шаиба: Научи ли бе ?
-Сум Ли: Ako читањето еднаш ти го сметаш за учење….научив !
-Казаки Шаиба: А ако свирењето го сметам за научник ?
-Сум Ли: Тогаш болењето глава го сметаш за космос.

Перо од Струмица

Отишол Перо  струмиџанецот во Србија и седнал во некоја кафана…Дошол келнерот и го прашал што ке се напие и овој одговорил:
– Па може чај.
Келнерот го прашува:
– Чега???
Перо: Па може и од чега!

Годишнина

Си бил еден многи стар брачен пар. Дедото бил 80 години а бабата 79. Дедото си седел на каучот и гледал телевизија, а бабата идела со чај во рацете и му го дала и рекла:
– Дедо денеска ни е годишнината од бракот!
A тој прашал:
На кој програм?

Желки

Си биле две желки и оделе по пустина. И наеднаш дошле до една палма со вода. И сега ако првата испиела тогаш ќе немало вода за другата а ако втората пиела ќе немало вода за првата. А се гаделе заедно да пијат. И на првата желка и текнало да појде да земе цевки. И отишла првава по цевки и вторава ја чекала 100,150,200,250,300 години… и била жедна и почнала да пие од водата. И тогаш првата излегува од зад палмата и вели:
– ако вака правиш поарно да не тргнувам.

Доцнење

Ако Чак Норис треба да оди на состанок во 10 часот, а Чак Норис ќе стане во 9 ч и 59 минути подобро ќе му е на времето да застане!

Прашина

Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат:
– Кој те истепа така бе?
– Жена ми
– А зошто?
– Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашин.

Проблем

Што е проблемот со вицовите за политичари?
-Тоа што политичарите мислат дека не се смешни, а сите други луѓе мислат дека не се вицови.

Мртва птица

Се шетале 2 плавуши по плажа и едната здогледува мртва птица:
– Леле, гледај кутрата птица е мртва.
А другата плавуша гледа во небото и вика:
– Каде е?

Куклена претстава

Некој вентрилоквист приредувал претстава. Таму , со неговата кукла кажувал секакви вицеви, вклучувајќи и вицови за плавуши. По еден час, некоја плавуша не можела да издржи повеќе и почнува:
-Како не ти е срам да кажуваш такви вицови. Зар бојата на косата не прави нас, плавушите, некакви други суштества, а не луѓе? Зошто мора секој да не дискриминира за постојано да не исмеваат? Заради луѓе како вас ние не сме прифатени како нормални човечки суштества во општеството.
Вентрилоквистот  почнува да се извинува , а плавушата:
-Ма ќути ти, не ти зборам тебе, на таа куклата и зборам.

Ресторан

Таткото и синовите отишле во ресторан и едниот син го прашува татко му:
– Тато зошто овој ресторан е толку познат и елитен?
– Бидејќи овде доаѓаат премиерот, претседателот, министрите и други политичари.
Вториот син го прашал:
– А тато, во овој ресторан доаѓаат луѓе?