Си било некое детенце во прво одделение и учителката го прашува на гранка стојат 10 врапчиња пука ловџија и отепал 2 колку останале?
8 учителке!
Е не се 8 другите од страв избегале а ми се допаѓа како размислуваш.
А јас учителке можи да поставам едно?
Прашај вика…
Е вака, ако стојат 3 жени една до една и едната лижи сладолед од горе до доле, другата го лапа цел, а третата само на врвот полека лижи, која од нив е мажена?
-Таа шо го лижи цел?
-Не, таа шо има бурма на прстот но ми се допаѓа како размислуваш.
Прилепска трагедија
Шумеча таблета
Најголем авион
Се нашле Американец, Русин и Македонец. Сите се расправале кој од нив има најголем авион.Американецот рекол:
– Во Америка што има еден џамбо-џет кога се качуваат луѓе се качуваат цел ден… Русинот:
– Кај нас што има еден херкулест кога лета цел ден и прави сенка на Москва… А Македонецот немал што да каже па рекол:
– Кај нас што има еден авион па јас кога летав со него слушам нешто прави ,,БЗЗЗЗ,, кога да видам џамбо-џет лета околу светлото како мушичка,а потоа ѕирнав кон прозорецот и кога да видам на едното крило 20 херкулеста чекаат на ред да наполнат бензин!
Пијаница
Влегува пијаница во кабина за исповедање во католичка црква, седнува и молчи. Молчи тој така неколку минути, па свештеникот поткашлува да го потсети дека треба да почне со исповедање. Пијаницата уште молчи. Поминува уште една минута и свештеникот веќе изнервиран тропнува по ѕидот неколку пати. Од другата страна го слуша пијаницата: – Џабе тропаш, нема ни кај мене тоалетна.
Цигаре
Карате
Пау
Храбар човек
Имало натпревар во некој град, се барал некој храбар човек што ке преплива базен полн со пирани, ајкули и други крвни суштества.
Чекале сите да се најде некој, ама се изначекале со денови, месеци и по едно време се слуша – плјас! -скока некој внатре и плива. Кога излегол надвор трчат новинари и му велат:
– Што ќе изјавите за телевизија за вашата храброст?
– Море ке му ебам тоа племето на тој шо ме турна!
Покераш
Си доаѓа синот дома многу јак покераш за ручек. И ги затекнува мајка му и татко му како јадат. И одма сака да си оди во својата соба да си легне. И татко му му вика:
– Добро бе кај си цел ден и ноќ те нема да не беше на покер и идаш за ручек ?
Не бе каков покер, шо има за ручек мамо?
– Сарма синко сарма , колку сакаш?
– Дај три плус една.