Дома / Вицови (страна 313)

Вицови

На буква

Учителката ги испрашува децата на буква, на буква. Трпе цело време крева рака ама оваа не го дига бидејќи знае дека ќе тресне нешто безобразно. Дошла до буквата Ф, само Трпе крева рака а учителката решава да му даде шанса, бидејќи нема ништо безобразно на таа буква.
– Ајде Трпе, кажи збор на Ф?
– Фичка!
– Трпе, па не постои таков збор бе дете.
– Фостои, фостои!

Фрижидер

Како ќе дознаеш дека плавуша пред тебе го отворила фрижидерот?
– На краставицата има бакнеж.

Дилер

Ѕвони телефонот во полицијата се јавува цајканот и слуша:
– На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И ќе исклучи. После некое време пак ѕвони и пак исто:
– На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И пак ќе исклучи. И така 7-8 пати и на цајканот му се здосадило и го чека пак да се јави. И еве го вика пак:
– На улица Гоце Делчев бр.32 стигнаа дрва!
И цајканот му вика:
– Море човек што ако стигнале дрва таму?
– Како што ако? Ти знаеш ли кој живее во таа куќа?
– Е кој живее?
– Море човек, таму живее Перо.
– Е што ако живее Перо?
– Тој е најголем дилер на дрога, и дрогата ја пренесува во дрвата.
И му исклучува и типот ѕвони кај Перо:
– Перо сеа ќе дојдат десетина цајкани да ти ги исечат дрвата. Тоа ќе бидат истите што лани ти го ископаа лозјето кога бараа хашиш!

Европа

Зошто не можеме да влеземе во Европа?
– Затоа што Груевски не знае да ја вика Европа туку Евлопа.

Титаник

Трпе и Трпана се возеле во Титаник и капетанот рекол дека бродот ќе удри во Санта Мраз и дека ќе потони. Трпе почнал да плаче и Трпана го прашал зошто плачеш кога ние ќе се спасиме. Трпе и рекол:
– Абе види колку железо ќе пропадне.

Роденден

Некој полицаец го прашува Цветко:
– Кога ти е роденден?
Цветко: На 23 мај.
Полицаецот: Која година?
Цветко: Секоја година.

Филозофија

За првиот секс имаш со кој, ама немаш со што. За вториот секс имаш со што, ама немаш со кој. За третиот секс имаш со што, имаш со кој, ама немаш каде. За четвртиот секс имаш со што, имаш со кој, имаш каде, ама зошто?

Манекенки

Eдна мајка имала проблеми со ќерката која не сакала да јаде. Mајката и купила сенвич и и рекла, јади мори јади, знаеш ли што стануваат девојките што не јадат, а девојчето одговорило, знам мамо, манекенки!

Слон

Едно дете му вика на таткому детето:
– Тато, тато, купи ми слон!!!
– Абре сине немаме со што да го храниме!
– еј, па како во зоолошка вика: НЕ ГИ ХРАНЕТЕ ЖИВОТНИТЕ.

Индијанци

Зашто индијанците ги закопуваат мртвите тела позади планината?
– Зошто таму им се гробиштата!

Браќа

Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец и ги смирува и им вели:
– Податоци молам!
– Горан Митревски.
– Горан Петров.
– Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!

Колонијал

Oдат двајца полицајли сабајле на патрола и наоѓаат мртов човек пред соборниот храм. Едниот одма вади пенкало и прави записник:
– Денеска на ден 24.05 најдовме мртов човек пред…. и се врти на колегата и го прашува, колега како да пишам црква или соборен храм.
– Еј, незнам, ај фати да го префрлиме пред колонијалов, тоа знам како се пишува!

Пекара

Зашто плавуша кога оди во пекара седнува на печката?
– Mисли дека го пече лебот.