Дома / Вицови (страна 297)

Вицови

Глупости

Дедото му вика на зетот Трпе.
– Е па зетко сега откако се ожени гледај да не правиш глупости веќе?
– Нема, нема, оваа ми беше последна!

Синот

Разговарат Трпе и Трпана:
– Драга, што мислиш, каков ќе биде нашиот син?
– Ист како тебе!
– Од кај знаеш?
– Па ете, шишето му е подраго од цицките.

Пожар

Почнал да гори домот на една плавуша и она панично се јавува во противпожарна, а од таму:
– Госпоѓо, полека, смирете се, кажете ни како да стигнеме до вашиот дом?
– Па со оној голем црвен автомобил.

Одлежување

Доаѓа управникот на затворот и го прашува Црногорецот:
– Зошто не стануваш кога јас ќе дојдам?
– Мене ми кажаа да одлежам 2 години.

Стенкање

Како стенкаат Англичанките при секс?
– Ох, yes,yes!
А Американките?
– Yes baby, yes baby!
А Македонките?
– Не кажуј на никој, на никој!

Пљачкање

Некоја банка ја пљачкаат по трет пат и полицаецот ја распрашува службеничката:
– Како изгледаше човекот?
– Појма немам, само знам дека секој пат доаѓа со поскапо одело!

Професор

Две соседки разговараат:
– Кој ти беше оној вчера што го видов?
– Професор на факултет.
– Редовен?
– Не, само кога маж ми е на пат.

Пуштање

Цветко се пушта на некоја девојка во диско и и вика:
– Девојко, имаш ли лист и пенкало?
– Зошто?
– За да го запишеш мојот број.

Инфо линија

Корисник се јавува во Микрософт:
– Здраво, инсталирам Windows 7, што наредно треба да стиснам?
– Најдобро стиснете ги палците.