Дома / Вицови (страна 294)

Вицови

Рециклирање

Си седел некој Македонец во некој локал во Битола и си појадувал тост со маргарин и мармалад кога до него седнал некој Грк кој џвакал мастика. Македонецот го игнорирал но сепак гркот почнал да зборва:
– Еј, вие тука јадите цел леб за појадок ?
– Да.
Гркот направил балонче со мастиката и гордо продолжил:
– Ние не. Јадeме само пола. Останатото го фрламе во корпи за рециклирање и после ви го пуштаме тука во форма на леб за тост.
Македонецот си поќутел. Но гркот упорен продолжил:
– Вие тука го јадeте целиот мармалад?
– Да. – рекол македонецот.
– Ние не. Ние во Грција јадиме свежо овошје. Сите остатоци ги фрламе во канти за рециклирање и ви ги пуштаме тука во форма на мармалад.
На македонецот му пукнал филмот и го прашал гркот:
– Вие ебeте долу во Грција?
– Па се разбира. – рекол гркот.
– И што им правите на кондомите по сексот? – прашал македонецот
– Па ги фрламе, нормално. – одговорил гркот.
На тоа Македонецот му рекол:
– Ние не! Тука во Македонија ги фрламе во корпа ги рециклираме и после ви ги пуштаме во Грција во форма на мастики.

Врз тебе

Доаѓа Трпе камен пијан дома и и вика на Трпана:
– Трпано може ли врз тебе?
– Може Трпе!
– Бљааааах!

Кражба

Шетаат  Мујо и Хасо по улица. Од зад една зграда истрчал криминалец со пиштол во раката и ги побарал сите пари што ги имаат. Двајцата брзо ги извадиле паричниците и почнале да ги празнат. Во тој метеж, Хасо се свртел кон Мујо и му подал 100 евра велејќи:
– Мујо, еве ти ги оние 100 евра што ти ги должам!

Патување

Била една плавуша на патување низ светот. Се вратила дома и другарките ја прашале:
– Какви беа Италијанците?
– Италијанците се многу културни и љубезни.
– Какви се Кинезите?
– Тие се фини луѓе.
– А пирамидите, ги виде ли? Какви се?
– А пирамидите се многу некултурен народ.

 

Најглупи

Си била некоја плавуша и со чамец веслала на сред поле. Дошле уште две плавуши и едната и вика на другата:
– Ете зошто нас не викаат најглупи.
Другата одговара:
– Е да, да знаев да пливам ќе и отидев и ќе ја удавев.

Поклон

Колегите на еден полицаец му подариле стан со тапети и го прашуваат утредента како му се свиѓал поклонот. Овој им вика:
– Чекајте бе, уште не сум го одвиткал цел.

Кандисување

Си биле ром и ромка и ромов и рекол на ромкава:
– Ај мори земи ме за маж.
– Неjќум бре.
– Ај мори земи ме за маж.
– Нејќум бре…
На крајот и рекол:
– А да видиш колкав ми е?
Ромката му рекла:
– Ту да пукниш ме кандиса со стапо.

Другарство

Доаѓа Трпе дома и ја фаќа Трпана во кревет со најдобриот другар. Без да трепне, го вади пиштолот и го убива. А Трпана му вика:
– Е мој Трпе, ако продолжиш вака, ќе ги изгубиш сите другари!

Дупче

Си бил некој цар и не знаел како да го именува царството. После некое време му текнало името Газ. За роденден добил поклон куче и го крстил Дупче. Еден ден кучето залутало и не можеле да го најдат и царот ги пратил старажарите да го бараат. Се враќаат и му викаат на царот:
– Цел Газ го пребаравме ама Дупче нигде не го најдовме!

Надвор

Што ќе се случи кога на Чак Норис ќе му речеш оди види дали сум надвор?
– Ќе те најде, а и плус ќе си го добиеш.

Расизам

Кременадла влегува во бар и вика:
– Може едно пиво?
Барменот одговара:
– НЕ! Не служиме храна овде!