Дома / Вицови (страна 286)

Вицови

Поморство

Шетал Грујо по Виена кога видел една зграда на која пишувало “Дирекција за поморство”. Почнал Грујо да им се смее на Австријците… види ги овие немаат море, а имаат дирекција за поморство.
А тие му рекле:
– Па и вие имате министерство за економија!

Збунет

Зошто полицаец кога дошол дома ја фрлил цигарата на кревет и се фрлил низ прозорец?
– Се збунил.

Тонење

Некој брод почнал да тоне и капетанот им се обраќа на патниците:
– Имам за вас две вести, едната добра а другата лоша која сакате прва да ја слушнете!?
И патниците рекле:
– Ајде прво лошата.
– Епа вака лошата е дека бродот тоне, а добрата е дека сме одалечени само 4 километри до најблиското копно.
И некој од патниците рекол:
– А во која насока е копното?
Капетанот:
– Вертикално, надолу!!!

Кираџија

Кираџија и се обраќа на газдарицата:
– Жал ми е, овој месец нема да можам да ја платам станарината.
– Тоа го рековте и минатиот пат.
– Да го реков и гледате… си го држам зборот!

Чај

Си биле две плавуши и отишле во кафич. Едната плавуша нарачува:
– За мене еден хибискус.
А другата со зачудување ја прашува:
– А што е тоа хибискус?
– Епа тоa е чај.
– Епа ок тогаш, јас ќе земам еден хибискус од камилица!

Акција

Што би се случило кога македонски политичари би се нашле во Сахара?
– Првиот ден би се чуделе. Вториот ден би имале состанок. Третиот ден би поскапела песокта.

Крадец

Полицаецот брка крадец и му се дере:
– Застани бе, застани!
А овој му вика :
– Ти застани, тебе никој не те брка!

Проблем

Пациентката: Докторе, зошто после пушење цигара мислам само на секс?!?
Докторот: Ај прво да запалиме по една цигара, па после ќе видиме што е работата!!

Обвинети

Судска расправа, четворица обвинети за силување. Судијата го прашува првиот:
– Ти ја силуваше ли?
– Да!
– 5 години затвор!
Го прашува вториот:
– Ти ја силуваше ли?
– да!
– 5 години затвор!
Го прашува третиот:
– Ти ја силуваше ли?
– Да!
– И тебе 5 години затвор!
Судијата сега го прашува и четвртиот обвинет:
– Ти ја силуваше ли?
– Не!
– Требело да ја силуваш, многу е добра! 10 години затвор!

Лото

Влегува Трпе дома и ја прашува Трпана:
– Жено да добијам на лото што би направила?
– Ќе ти земам пола и ќе те оставам!
– Добив 20 Евра. Земи 10 и бегај од дома!!!

Полжави

Отишол црногорец да лови полжави за вечера. На крајот од денот се враќа со само еден уловен полжав. Жената го прашува:
– Како донесе само еден полжав?
– Ти не знаеш какво е тоа животно тоа трча,скока,бега…

Некултурен

Се враќа мажот дома, влегува во спалната и што да види, жена му со швалер во кревет. Швалерот одеднаш скокнал, набрзина си ги собрал алиштата и му ја дувнал низ врата. Изнервиран мажот и се свртел на жената и разочарано и рекол:
– Аман мори кај го најде овој некултурен, ни мене здраво ни тебе фала.

Препис

Две плавуши полагале испит. Послем завршувањето на испитот, едната плавуша ја прашува другата:
– Еј како помина, напиша ли нешто?
– Не ништо не напишав.
– И јас ништо не напишав.
– Леле сега ако си помислат дека сме препишувале!