Дома / Вицови (страна 275)

Вицови

Качување

Трпе отишол на матичен доктор. Докторот ги гледа резултатите и се фаќа за глава:
– Резултатите од крв ти се катасторфа, целиот си запушен со маснотии. Ќе мора нешто да смениш во животот, или готов си. На пример почни секое сабајле да се качуваш на врв на Водно…
– Дај докторе, не сум луд, дајте некое апче!
– Апчиња тебе не ти помагаат, ќе си фатиш полека, полека да си се качуваш, макар до средно Водно ако ти е тешко до врв.
– Аман докторе, немој, па уште посабајле…
– Е па тогаш Трпе, ако не сакаш да се качуваш на Водно, качувај и се на Трпана секое сабајле, и тоа е добро за срце!
– Ма докторе не претерувај, ене каде е Водно!

Лимон

Цветко оди на доктор.
– А бре докторе ништо, проливот не престанува?
– Па нели ти кажав да пробаш со лимон?
– Е па пробав, ама кога ќе го извадам пак имам!

Лубеница

Ќеркта и се жали на својата мајка. Мамо утре е мојата свадба, а јас одамна ја изгубив својата невиност па се плашам кога ќе си легнеме со сопругот тој ќе го забелези тоа. Мајката и вика:
– Не грижи се, ќе си ставиш еден домат и кога тој ќе навали на тебе доматот ќе пукне и готова работа.
Утредента мајката ја прашува:
– Ќерко што направи?
– Ништо мајко, тој навали на мене ама овој пуст домат не се пукна и готов е да ме остави.
А мајката насмеана вели:
– О ќерко каков е тој твојот маж, татко ти бог да го прости по цели лубеници кршеше.

Модрица

Комшивката ја прашува Трпана:
– Модрицата на окото од што ти е?
– Е од што може да ми биде, од Трпе ми е!
– Па нели е на пат?
– И ја мислев така!

Ташак

После зимскиот одмор учителката сака да види колку децата запамтиле од претходната година и го прашува малиот Трпе колку е 2-2. И нормално Трпе врска нема.
– Добро бе Трпе имаш две круши и двете ги даваш на Ана. Што ти останува тебе?
– Е што, ќе ми остане ташакот во раце.

Соба

После сообраќајна несреќа Цветко се буди и прашува:
– Кај се наоѓам?
– Во соба 9.
– Во болница или во затвор?

Kловн

Двајца канибалци јадат еден кловн и едниот вика:
– Знаеш овој кловн има смешен вкус!

Географија

Кои држави најмногу потсеќаат на женскиот полов орган?
– Бразил, бидејќи таму има големи прашуми.
– Германија, бидејќи била поделена на две.
– Велика Британија, бидејќи таму е секогаш влажно.
– Македонија, бидејќи ја ебава кој ќе стигне.

Се ќе оживее

Разговараат Мујо и Хасо и Мујо вели:
– Дождов добро ќе и дојде на земјава и сe ќе оживее!
А Хасо исплашен:
– Не дај боже!
– Зошто?
– Па три жени имам погребано!

Дрога

После долго лекување од зависност од дрога наркоманот влегува кај својот доктор.
Наркоманот:
– Докторе имам една добра и една лоша вест!
Докторот:
– Ајде прво добрата да ја чуеме.
– Ја оставив веќе дрогата…
– Ете браво гледаш дека се се може кога се сака, ти си мој човек… ај сега кажи која е лошата вест?
– Па лошата е тоа што не знам каде ја оставив…

Панталони

Си бил еден човек и отишол на лекар со плава нога. Докторот му рекол дека треба да му ја сечат. Отишол и му ја исекле. После некое време пак досол со другата нога плава. И таа му ја исекле после пак дошол со плаво бутови и докторот му рекол:
– А на тебе да не те вапцаат фармерките.