Дома / Вицови (страна 266)

Вицови

Наградена слика

Обединетите Нации распишале конкурс за најпоучна слика. Нацртал Трпе гол човек со гас-маска кој во едната рака држел кондом а во другата каранфил. Ја добил првата награда, го повикале во Њујорк и наградата лично му ја дал Бан-Ки Мун. Одржал говор во кој ја објаснил сликата:
– Еве почитувани колеги Трпе ја нацртал оваа слика која има симболика. Голиот човек ја симболизира сиромаштијата во светот а неговата гас-маска ја симболизира загаденоста на околината. Кондомот ја укажува опасноста од заразни болести а каранфилот укажува на тоа дека сеуште постои надеж за среќна иднина.
На тоа земал збор и Трпе:
– Почитувани! Сликава значи дека да имаш секс со кондом е исто како да мирисаш каранфил со гас-маска!

Женење

Богаташ решил да се жени но не знаел со која од трите кои во моментот му биле девојки. Им дал на трите жени по 5000 евра и чекал да види што ќе направат.
– Првата отишла во салон за убавина, па во бутик, се дотерала и разубавила само за него.
– Втората му купила најубави подароци.
– Tретата ги вложила во берза и заработила десет пати повеќе и ги ставила на зaедничка сметка.
Со која од нив се оженил богаташот?
– Со таа што имала најголеми цицки!

Секс

Свештеник, студент и филозоф разговараат за сексот.
Свештеникот: Јас можам, имам каде ама не смеам.
Студентот: И јас можам, смеам, ама немам каде.
Филозофот: Јас и можам и смеам и имам каде… ама ЗОШТО?

Попаметни

Малиот Трпе дискутира со татко му:
– Тато, кои се попаметни, татковците или синовите?
– Татковците. – Убедено одговара Трпе.
– А кој ја измислил парната машина?
– Џемс Ват!
– А што не ја измислил татко му?

Слободна

Влегува дечко во автобус.
Шоферот: Дечко, слободна.
Дечкото: Фрижидер.
Шоферот: Што бе фрижидер?
Дечкото: Што бе слободна?

Метар

Две плавуши прават муабет:
– Слушам си се вработила.
– Да, работам како улична продавачка.
– А колку е 1 метар?

Спиење

– Мујо морам да ти се пофалам дека спиев со твојата жена.
– Браво Хасо, јас со твојата ич не можев да заспијам.

Дихта

Како јапонци проверуваат дали дихта тојотата?
– Оставаат мачка преку ноќ во затворениот автомобил, ако утре дента е жива – дихта.
Како срби проверуваат дали дихта југо?
– Оставаат мачка преку ноќ, ако утре дента не избегала мачката – дихта.

Четворица

Вози рускоса автомобил и гази четворица луѓе. Полицаецот и вели:
– Eј госпоѓо, штотуку згазивте четворица луѓе.
– А колку е дозволено?

Џемс Бонд

Џемс Бонд си купил нов и многу брз автомобил. Се качил во него, го возел со огромна брзина, се удрил во една бандера и го однеле во болница. После долго време тој се разбудел и видел еден старец, решил да се запознае со него и му рекол.
– Јас сум Џемс Бонд.
Старецот му одговорил:
– Јас сум Петар, Свети Петар.

Причина

Која е сличноста помеѓу политичари и пелени?
– И двете треба да се менуваат редовно од иста причина.

Гимнастичар

Некој поп продавал крстови и поминал некој цајкан и го прашува:
– Колку пари ги продаваш овие плусевите?
Попот запрепастен почнува да објаснува:
– Чедо божје, ова не се плусеви туку крстови и тие се симболи на христијанството и би сакал и ти да купиш еден за да те чува господ.
Цајканот одлучил да купи еден и попот го прашува:
– Кој крст го сакаш? Одбери си еден!
– Веќе одбрав, дај ми го овој со гимнастичарот.