Дома / Вицови (страна 261)

Вицови

Карта

Цветко оди на автобуска станица и им вика:
– Дајте ми повратна карта.
– До каде господине?
– Па до овде.

Шеќер

Плавуша по третпат го вика кенлерот:
– Ве молам уште една коцка шеќер.
– Но веќе ставивте седум во кафето!
– Знам, но сите ми потонаа.

Стапица

Си одел лавот по џунглата и паднал во некоја си стапица. Дошол зајакот и го прашува:
– Лавче што правиш ти таму долу.
А лавот му одговорил:
– Па еве како што гледаш паднав во оваа стапица.
И тогаш зајакот почнал да го пцуе, да го вреѓа. Но одеднаш зајакот се лизнал и паднал во стапицата каде што е лавот. Зајакот станува се чисти и му вели на лавот:
– Епа лавче можеби нема да ми веруваш, но јас тука дојдов само да ти се извинам.

Раса

Полицаец сопира возач.
– Господине, не смеете да имате куче на предното седиште.
– Ама господине полицаец, тоа е плишано куче.
– Не ме занима расата, 50 евра.

Лифтинг

Трпана наравила лифтинг на лицето и влегла во еден бутик и го прашува продавачот:
– Извините што ве замарам, но што мислете колку години имам?
– Околу 35, и одговорил продавачот.
– Фала ти за комплиментот, имам 47 години.
Потоа влегла во McDonalds и откако нарачала јадење го прашува човекот на касата:
– Извините што ве замарам, но што мислете колку години имам?
– 29.
– Фала ти за комплементот, имам 47 години.
Трпана среќна од резултатот заминала на станица да чека автобус, додека чекала го прашала некој старец истото прашање.
Старецот на тоа и одговорил:
– Јас имам 85 години, и слабо гледам. Но можам точно да ви кажам колку години имате само доколку ми дозволете да ја ставам раката во вашите гаќи.
Бидејќи немало никој, Трпана му дозволила да ја стави раката во нејзините гаќи.
Старецот ја става раката, чепка едно 5 минути, ја вади раката и и одговора:
– Имате 47 години.
– Неверојатно, како погодивте?!?
– Бев позади вас во McDonalds, и одговорил старецот.

Работење

Влегува инспекција во некоја фабрика и ги прашува вработените:
– Колку луѓе работат овде?
– Со шефот 20.
– А без шефот?
– Е без него никој.

Прочка

Ако сте згрешиле на некој, побарајте прошка уште денес, зошто утре може нема да осеќате вина.

Возење

Цветко се вози со автомобилот со компјутер. Компјутерот вика:
– Цветко, возиш 60, а дозволено е 50. Намали!
Цветко продолжува да вози. Компјутерот повторно:
– Цветко, намали! Возиш 80, а дозволено е 50.
И третиот пат компјутерот:
– Цветко, застани јас да излезам, па ти оди каде сакаш!

Народ

Разговараат Мујо и Хасо и Мујо го прашува Хасо:
– Зошто се луѓето толку глупи?
– Па има живот.

Јас

Полицаец седи дома и некој тропа на вратата.
– Кој е?
– Јас.
– Јас!? Нема шанси.