Трпана од Струга отишла на гинеколог:
– Докторе, докторе абе три пати се мажев ама уште сум невина.
– Како може, не ми е јасно?
– Е па така, првиот беше цвеќар – остана на мирисање, вториот беше слаткар – остана само на лижење, а третиот беше Скопјанец – вака ќе ти направам, онака ќе ти направам…
Превртен брод
Светло
Си биле маж и жена живееле во колиба каде што немало ни електрична енергија. Жената почнала да се пораѓа среде ноќ, а мажот стрчал кај комшивката и и вика:
– Брзо жена ми се пораѓа.
Комшивката му вика:
– Земи барем една светилка да гледам што правам.
Зема мажот светилка и жена му раѓа женско, комшивката му вика:
– Ај нека ти е жива ќеркичката.
Одеднаш комшивката вика:
– Свети, свети уште едно!!!
Жена му раѓа и машко и му вика, ај нека ти е жив и синот. Комшивката повторно вика:
– Свети, свети уште едно.
И мажот вика:
– A да ја изгаснам јас светилкава да не доаѓаат по светлово децава?
Скржавец
Рок
Постилање
Хорор
Рак
Мафиозо
Пресадување
Внатре
WC
Дозвола
Решиле лисицата, магарето и волкот да отворат фирма. Лисицата рекла:
– Јас сум итра ќе одам во општината и за час ќе средам да добиеме дозвола.
Заминала лисицата и се врака за половина час со наведната глава, не успеала.
Тогаш волкот рекол:
– Ќе одам јас, јас сум опасен и луѓето се плашат од мене ќе ми дадат дозвола веднаш.
Но поминал еден час и се враќа волкот и тој не успеал.
Тогаш магарето рекло ќе одам јас. Се врака магарето после два часа среќно и им вели:
– Добив дозвола!
Лисицата и волкот зачудено го прашуваат како успеал, а магарето им раскажало:
– Влегувам јас во општината, тропам на вратата и влегувам внатре кога таму сите мои школски другари…