Дома / Вицови (страна 229)

Вицови

Коњ

Влегува Трпе во соба, ја гледа Трпана пегла и и вели:
– Што правиш срцка?
– Еве пеглам на коњот.
– Добро колку пати да ти кажам дека не се вика коњ тоа на кое што пеглаш, туку магаре.
– Не ми се секирај, знам да разликувам магаре од коњ.

Телефон

Се шетаат Мујо и Хасо низ пазар и Мујо му вели:
– Хасо имам нешто важно да ти кажам.
– Кажи де.
По две секунди му звони телефонот на Хасо и гледа бројот на Мујо и му вели:
– Зошто ми ѕвониш?
И Мујо му одговара:
– Па важно е, не е за пред сите, за преку телефон е.

Полнолетност

Одат Мујо и Хасо во продавница да купуваат жесток пијалок. Земале рум и виски и одат на каса да плакаат. Пред да платат продавачката и вели:
– Ако може лична карта.
И овие и велат:
– Зошто лична карта, па ние имаме по 42 години.
– Вие можете да имате и по 100 години, ама низ рафтовите се однесувавте како мали деца.

Стоп

Млада жена учи да вози кола и возела многу расеано и не застанала на знакот Стоп. Тогаш инструкторот и кажал:
– Жено, дали вашиот маж ви кажал дека имате многу убави зелени очи?
– Ми кажал, зошто? – Збунето одговорила жената.
– Па зошто не ги користите.

Ловџии

Двајца ловџии сакале да одат во лов на зајаци, ама немале куче. И отишле кај Цветко да го позајмат неговото куче. Овој им го дал, но им рекол дека тоа кучето му е птичар. Ловџиите му рекле:
– Добро тогаш ќе одиме да ловиме птици.
Вечерта се враќаат и го носат кучето на раце, целото испокршено и свиткано од болки.
Цветко ги прашал:
– Што сте му направиле на кучево?
– А бе каков птичар ти е ова, толку високо го фрлавме, и ништо не успеа да фати.

Пазар

Еднаш снаата и свекрва решиле заедно да одаат на пазар. Одејќи низ пазарот снаата здогледала некои убави домати и и рекла на свекрвата:
– Свекрво види види колку убави домати да ги касниш в уста да ти останат.
Си го продолжиле патот и свекрвата здогледала некои убави гробишта и и викала на снаата:
– Снао, снао, види колку убави гробишта да легнеш па да не станеш…

Библиски голф

Си биле Мојсеј, Исус и постар мистериозен човек и играле голф.
– Прв е Мојсеј. Ја мава топката топката лета накај езерце, Мојсеј бргу се стрчува накај езерото, го дели на пола, и топката безбедно се тркала по дното на езерото и застанува. Мојсеј со уште еден удар ја втерува во дупката.
– Следен е Исус . Ја мава топката, таа паѓа во езерото, но останува на површина . Исус оди по површината на езерото, ја удира топката и успева да ја внесе од 2ра.
– Накрај, постариот господин ја мава топката, таа лета и паѓа во устата на жаба покрај езерото. Доаѓа орел ја грабнува жабата, ја носи високо во воздух и ја пушта. Жабата паѓа, ја плука топката и топката влегува во дупката со еден удар.
Во тој момент Исус му се врти на постариот господин и му вика:
– Тато ти ќе играш голф или ќе си играш к**от???!!!

Задник

Мујо го прашува Хасо:
– Хасо со која рака го бришеш задникот?
– Со десна, ти?
– Е па Хасо, јас мојот задник го бришам со тоалетна хартија.

Фудбал

Се караат Трпе и Трпана и Трпана му вика:
– Како не ти е срам, фудбалот ти е поважен од мене. Тој е сè во твојот живот. Никогаш не излегуваме заедно. Не ми купуваш подароци. Или си на натпревар или гледаш фудбал на телевизија. Сигурно не можеш ни да се сетиш кога се зедовме.
А Трпе враќа:
– Е можам! Се зедовме на денот кога Пелистер и Вардар одиграа 1:1 во Купот.

Морнари

Оди млад дечко на работа на брод и така работел цел месец и еден ден го среќава капетанот и го прашува:
– Како ти се свиѓа момче работава?
А момчето одговорило:
– Абе работава е супер, само што овде нема жени, а јас не сум навикнат без жена толку време.
– Не грижи се вечер ќе има.
Вечерта сите се собрале на палубата и почнале по ред да вршат работа на едно отворено буре во кое имало дупка. Кога завршиле дошло момчето кај капетанот и му рекло:
– Капетане ова беше супер, јас би сакал утре пак да има.
А капетанот му одговорил:
– Ќе има и утре синко, не грижи се, ама утре ти ќе бидеш во бурето.