Дома / Вицови (страна 213)

Вицови

Картотека

Мајката и раскажува на својата ќерка.
– Знаеш, јас на твои години си водев дневник.
– Да, знам, јас си водам картотека, посигурно е!

Фраер

И приоѓа еден фраер на плавуша.
– Здраво маче. Што праиш?
– Еве читам нешто интересно. Индијанците имале најдебели пениси, а Шпанците најдолги. А ти како се викаш?
– Џеронимо Рамирез!!!

Браќа/сестри

– Мамо, мамо, учителката денес ме праша дали имам браќа и сестри кои треба да почнат со училиште наскоро.
– Убаво од неа што прашала. Што ти кажа кога и одговори дека си единец.
– Имало господ!

Лекарот

Одат на лекар една млада згодна девојка и нејзината стара баба:
– Ајде соблечете се, и вика докторот на девојката.
– Извинете, но ние дојдовме поради мене. – Рекла бабата.
– Добро тогаш, ајде отворете уста да ви го видам грлото.

Трчање

– Зошто трчаш по мене – му вели русокосата на некој дечко.
– Епа сега, откако се сврте и јас се прашувам.

Оглас за голф

Отишол Цветко да даде оглас:
Украден е Голф 6, со алуминиумски бандажи, Сони ЦД плеар и озвучување од 1000 вати. Следува награда.

Регистрацијата не е битна.

Половина

Две другарки разговараат:
– Моите ми забранија да водам љубов од половина надоле.
– И што правиш сега?
– Дупам на глава.

Ѕвезда

Мујо го прашува Хасо:
– Хасо, сакаш ли еден ден да станеш позната ѕвезда?
– Еј остави Мујо, кој ќе свети цела ноќ.

Светско првенство

Трпе оди на светско првенство во фудбал. Седиштето му е најгоре на стадионот, ама задоволен е што воопшто нашол карта. Седнува тој и почнува да разгледува наоколу со двоглед, и забележува човек на 5 реда од стадионот со празно место до него. Ова го полудело Трпе, па тој на полувреме оди и го прашува човекот зошто има празно место на толку добра локација.
– Со жена ми ги купивме картите многу одамна, ама за несреќа таа почина и местово е празно – одговара човекот.
– А зошто тогаш картата не ја дадовте на некој пријател или роднина.
– Сите се на погребот.

Ѕвезда

Ако сакаш да дознаеш какво е чувството да си ѕвезда, седни на врвот од новогодишната елка.

Лижавче

Главата ти е толку голема што кога те гледа човек од страна мисли дека си лижавче.

Гулаби

Седат двајца пензионери во жена парк.
– Ти не носиш леб за гулабиве?
– Не, ги јадам без леб!

Глупости

Учителката: Добро бе Трпе, како може едно дете толку глупости да направи во еден ден?
Трпе: Па, рано станувам.