Дома / Вицови (страна 148)

Вицови

Камили

Малата камила ја прашува мајка си:
– Мамо, зошто ние имаме грпка ??
– За да можеме да бидеме без вода подолго време во пустината.
– А зошто имаме големи трепки ??
– За да не ни влегува песок во очи кога сме во пустина.
– А зошто ни се широки копитата.
– За да не пропаѓаме во песокот во пустината.
– А мамо, што бараме тогаш во зоолошка?

Репрезентација

Селекторот на Македонската фудбалска селекција при составувањето на екипата решил да повика играчи од домашното првенство. Повикал играчи од ВАРДАР, РАБОТНИЧКИ, ПОБЕДА… кога дошол во Битола за да повика некој од ПЕЛИСТЕР, селекторот гледал, гледал…се мислел, и на крај рекол:
– Било кој нека дојди, во секоја репрезентација мора да има и по некој кој ќе ги чисти копачките и ќе ги собира топките од зад голот…

Покачување

Се шета Груевски низ скопските улици и запира случаен минувач и го прашува:
– Пријателе, ако ги покачам цените на сите производи за 100%, како ќе преживееш?
А овој му одговара:
– Супер, ќе можам да си дозволам одмор во Шпанија.
– Ами ако ги покачам за 200%?
– Епа тогаш ќе можам да заминам на Бахамите!
– А ако ги покачам за 500%?
– Супер, тогаш ќе можам да живеам во Дубаи!!!
– Одлично – одговорил Груевски и го потапкал по рамото:
– А ти со што се занимаваш, што работиш? – го прашал.
– Еми имам погребална агенција….

Мува

Келнер служи гостин во ресторан и му вели:
– Пријатно јадење!
Гостинот:
– Благодарам, но во супава мува се дави.
Келнерот:
– Што да не сакаш да ти дадам гума за да ја спасиш?

Морж

Двајца браќа живееле во едно село 20км близу до еден океан. Еден ден отишле до океанот, убиле еден морж, го фатиле за опашката и започнале да го влечат кон селото. Двата заба на моржот заглавиле во земјата а тоа им ја отежнало работата. Кога изминале половина пат, веќе изморени и истоштени, ги сетнал еден бел човек и им рекол:
– Зошто сте толку глупави. Фатете го за забите и така ќе ви биде полесно.
Така и направиле, кога поминало извесно растојание едниот брат рекол.
– Виде ли, бел човек,паметен човек. Вака е многу лесно за влечење!
А другиот налутено одговорил:
– Бел човек, глупав човек! Види, пак стигнавме до океанот!

Кафе

Трпе ја прашува Трпана:
– Душо, какво кафе сакаш?
– Би сакала да е јако, но меко, нежно и стрмоглаво да го преврти мојот внатрешен свет со нозете нагоре, да ми ги открие искушенијата на овој свет и да ми предизвика нови чувства.
– А да ти ставам јас тебе една ракија?

Крстот

Го прашуваат Цветко:
– Што мислите за крстот на Водно?
-Јас мислам дека тоа е еден голем плус за Скопје.

Аспирин

Оди басист во аптека му вика на продавачот:
– Ве молам, дајте ми еден гиспирин.
– Господине, на аспирин мислевте?
– Абе гис, ас, исто е…

Лепотици

Наркоман здогледува две девојки во парк и им вика:
– Кај сте лепотици?
А овие му враќаат:
– Не сме лепотици!
– Па не сте ни кај сте!

Долго растојание

Врски на долго растојание не успеваат…, те изморуваат. Затоа го преместив фрижидерот во мојата соба!

Реума

Лекарот го прашува Влавот:
– Ви помогна ли лекот?
– Да, да, реумата веднаш ја снема; жена ми повеќе не кашла, а со остатокот ги изми чиниите!