jocka

Комшија

Отишол Трпе на доктор, но неможел да на најде неговата здраствена легитимација па отишол со здраствената легитимација на комшијата Цветко. Кога отишол во болница, дошол на ред и докторката го прашала. – Цветко, што ти е на тебе? А Трпе одговорил: – Комшија.

Повеќе...

Име и презиме

Сообраќаен полицаец запира автомобил. Полицаецот: Презиме? Возачот: Чие? Полицаецот: Име? Возачот: Чие? Полицаецот (замислено): Чие Чие… Кинез ли е, каков ли е…

Повеќе...

Иронија

Истражувањата покажуваат дека 90% од девојките сакаат момчиња во розеви маици. Иронично е тоа што 90% од момчињата што носат розеви маици не сакаат девојчиња.

Повеќе...

Технологија

На саем за компјутери Бил Гејтс повеќе пати ја споредувал компјутерската индустрија со автомобилската. Патем изјавил: “Ако Џенерал Моторс беше во чекор со технологијата како што е случајот со компјутерската индустрија, ќе возевме автомобили кои што ќе чинеа 25 долари и со литар бензин ќе поминувавме 1000 километри”. На ова …

Повеќе...

Sleep програма

Разговарале баба и зет. Бабата: Зашто ја оставаш климата да работи цела ноќ? Зетот: Не работи цела ноќ, ставена е на sleep програма за спиење. По некое време бабата прашува бидејќи неможела добро да спие: – А на кој канал е таа sleep програма за да можам да заспијам кога …

Повеќе...

Чест

Го однела за прв пат девојката момчето на ручек кај нејзините да го престави, а таму биле собрани цела фамилија. Седнале да ручаат, а момчето само си ќутело. По извесно време некој од роднините на девојката му рекол: – Зете кажи нешто, само ќутиш збор не ти слушнавме! – Што …

Повеќе...

Лајк

Дечко се обраќа на девојка: – Може еден лајк? – Ма за тебе и 2. – Како бе 2? – Па така, like па unlike.

Повеќе...

Најдобар пријател

Седат двајца Руси на студот. По некое време доаѓа едно куче со водка во устата. Едниот му вели на другиот: – Види го најдобриот пријател на човекот! – Да и кучето е со него! – рекол другиот.

Повеќе...

Штрк

Мало пиленце ја прашува мајката кокошка: – Мамо, мене штркот ли ме донесе? – Да, само не кажувај му на татко ти!

Повеќе...