Вицови

Ајнштајн и битолчанецот

Дошол Ајнштајн во Битола и одржал предавање за гравитацијата, завршил и рекол: – Прашања? Фиљан човек од третиот ред крева рака. – Ајде господинот позади, како се викаш? – Пеце. – Повели Пеце. – Не мојш бе чоек само така да гледаш на работите. И така настанала теоријата на релативноста.

Повеќе...

Пожар

Пожар. Мажот во паника и вели на жена си: – Брзо! Што да изнесеме прво? Машки глас од шифоњерот: – Изнесете го шифоњерот! Мажот прашува сомнително: – А кој е тоа? – Ние… панталоните!

Повеќе...

Роднини

Се возат Трпе и Трпана во кола и на една ливада гледаат овца и овен, па Трпе и вика на Трпана: – Трпано, да не ти се роднини оние? – Да, свекор и свекрва!

Повеќе...

Деца

Цветко го прашува Трпе: – Трпе колку деца имаш? – Два сина и третиот е на пат. – Од кај си сигурен дека и третиот е син? – Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија…

Повеќе...

Бос

Трпе му се доверува на Цветко: – Викаат дека не требало да се гледаш со друга жена додека не се разделиш со сегашната. – Е добро, кога одиш да купиш нови кондури, бос ли одиш до продавница?!

Повеќе...

Кинески

Во метро вО Пекинг, момче и девојка чакале воз. Момчето со висок глас ѝ се обратило на девојката: – Чу мин сјан дух фе! Девојката замислено одговорила: – Јан чин си фан… Момчето се изнервирало и извикало: – Дуа шин фу, дан фун мју, цјан шун гу зен! Девојката со …

Повеќе...

Човекојадци

Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели: – Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов! Вториот: – А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади! Третиот: – Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, …

Повеќе...

Фичо

Некој човек возел со фичо над 100км на час низ град. Го стопира полицаец и му вели: – Двеста евра. – Дај уште сто и твое е!

Повеќе...

Чекање

Морнар од морнарско градче се враќа од долго пловење. Испраќа писмо на жена си: – “Шест месеци без секс во твој интерес е да ме чекаш на пристаништето.” По некое време добива одговор: – “По шест месеци без секс ќе те чекам на пристаништето, но во твој интерес е да …

Повеќе...