Вицови

Караница

Се испокарале Трпе и жена му и таа почнала да го брка од дома: – Собери си ги парталите и марш надвор! Оди си таму каде што си по цела вечер! Трпе пакува алишта во еден куфер, ја пали колата, а Трпана му вика од балкон: – И полека да …

Повеќе...

Донација

Му се јавуваат на Цветко: – Добар ден, Се јавувам од старечки дом. – Добро… – Дали би сакале да донирате нешто за нашиот дом? – Да секако, ќе ви ја донирам тештата.

Повеќе...

Националност

Се шета грчкиот премиер Ципрас низ Лерин, па гледа како си играат дечиња и ги прашува: – Што сте по националност деца? Децата во еден глас одговараат. – Македонци! Премиерот: – Па како Македонци кога сте родени во Грција? Едно од децата: – Абе чичко, aко лав се роди во …

Повеќе...

Пепел

Бабата му вели на зетот: – Зете кога ќе умрам, не сакам да ме закопувате. Сакам да ме кремирате и пепелта да ја истурите низ дворот. – Мајкатааа… и кога малку ќе дувне ветер, пак да ни влезеш дома…

Повеќе...

Царство

Еден цар го поделил царството на две половини. Една за него и една за неговите синови. Еден ден ги повикал своите синови и им дал топ хартија: – Решив да се повлечам во заслужен одмор, затоа кој ќе го скине топот хартија ќе ја дабие мојата половина од царството! Пробале …

Повеќе...

Сакање

Лежат Трпе и Трпана во кревет и Трпана му вика: – Срце треба да знаеш дека јас тебе премногу те сакам. – Знам бе срце… – Само треба да знаеш и дека ако разберам дека ме изневеруваш, ќе те убијам. – Не се секирај душо, нема да разбереш.

Повеќе...

Две порции

Во кујната од една психијатриска болница се дели ручекот: – Јас сум Никола Карев, дајте ми една порција! – Јас сум Гоце Делчев, дајте ми една порција! – Мене дајте ми две! – Зошто тебе две? – зачудено прашала готвачката. – Јас сум Кирил и Методиј!

Повеќе...

Разлика

Во продавница за долна облека. Цветко ја прашува продавачката: – Дали имате машки боксерици? – Во моментов немаме господине, но можам да ви понудам женски боксери. Речиси немаат разлика. – А дали сакате да ја извадам разликата и да те удрам со неа по на чело?!

Повеќе...

Пијан

Трпана му се дере на Трпе: – Трпе! Пак си пиел! – Не бе Трпано, ја да пијам… – Ај заколни се дека не си пиел! – Да те удри гром ако сум пиел!

Повеќе...

Папагал

Цветко му се жали на Трпе: – Туу, да ти се невиди. Си купив папагал, се погоди женски. – Како го позна бе? – Шо не ќе го познам, јас го зедов за да повторува по мене, а тој се расправа со мене!

Повеќе...