Трпе и вика на Трпана: – Што ќе направиш ако ти кажам дека ќе умреш утре? А Трпана му враќа: – Ќе умрам денес, зошто мразам кога си во право!
Повеќе...Јајце
Лета врапче, се мачи, потејќи се, носи антилопа. Две други врапчиња седат на гранка и си зборат: – Што не е во ред со него?! – Абе остај, некој му фрли јајце од крокодил во гнездото.
Повеќе...Животински суд
Животните во шумата си направиле суд. Лавот е судијата, а жабата е обвинител. Го суделе штркот за нешто. Жаба како обвинител вели: – Постојат отежнувачки околности! Тој јаде жаби! Предлагам да му ја отсечете главата! Лавот како судија одговара: – Па, како за прв прекршок не може толку строго. Можеме …
Повеќе...Најстаро животно
Малиот Трпе го прашува татко си: – Тато, кое животно е најстаро? – Зебрата, сине. – Од каде знаеш? – Па, сите животни се во боја, само таа е црно-бела!
Повеќе...Заплена
На граничен премин, полицаец му се јавува на службеникот на должност: – Здраво шефе, пронајдовме 170 килограми кокаин. – Што 120? – Да 90! – Не можам да те чујам добро, ми прекинуваш! Рече 50тина? – Да 30! – Па, не ми се јавувај за ништо!
Повеќе...Природа
Две плавуши шетаат на Водно и едната и кажува на другата: – Колку убава природа. А другата и одговара: – Не гледам ништо од дрвата!
Повеќе...Празник
Полицаец сопира возило: – Господине зошто возевте толку брзо?! – Се заседнавме со пријателите, слвевме Илинден, а жена ми дома сигурно загрижено ме чека. – Ама господине, Илинден беше пред две недели! – Па затоа и јас брзам!
Повеќе...Бензин
Застанува плавуша на бензиска, работникот на пумпата ја прашува: – 95 или 98 сакате? Плавушата го гледа зачудено и го прашува: – А што немате од оваа година?!
Повеќе...Силикони
Некој човек и се обратил на продавачката во продавница за риболовна опрема: – Се извинувам дали силиконските мамки се добри? – Молам! На мене сè е природно!
Повеќе...Лов
Трпе отишол на лов и по една недела се јавува дома: – Жено тука се е добро, како е дома? – Дома е се во ред, што се случува? – Нема да јадеме месо цел месец! – Ауу, зарем улови некој елен? – Не ја испив цела плата.
Повеќе...Мамурлак
Сессат Цветко и Трпе во некој бар, Трпе зима пијачка и му вика на Цветко: – Оваа е последна за мене. Ако продолжам да пијам сабајлето ќе бидам утепан. И кај тебе е исто? – Не, јас сум ерген!
Повеќе...Машко или Женско
Малиот Трпе ја прашува мајка си – Мамо, кога ме правевте што сакаше да бидам машко или женско? Мајката одговара: -Сине, јас сакав само да гледам филм !
Повеќе...Девојка и автобус
Дечко трча по градски автобус и едвај во последен момент се качува. Една млада и весела госпоѓа му вели: – Знаете ли дека по автобус и по жена не се трча? Дечкото (задишано): – Се трча, се трча, додека се качиш…
Повеќе...Пијаници
Трпе и Цветко пијат долго во некој бар. По некое време Цветко се превртува од столчето, паѓа на земја и заспива. Барменот и Трпе се гледаат и Трпе му вика на барменот: – Епа едно може да му признаам, знае кога да сопре.
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија