Дома / Вицови / Златна риба (страна 5)

Златна риба

Пушти ме

Фатил полицаец златна риба и рибата му рекла:
– Пушти ме и ќе ти исполнам 3 желби, и полицаецот ја пуштил.

Запек

Некој наркоман фатил златна рипка и му рекла:
– Ако ме пуштиш ќе ти исполнам една желба!
Наркоманот рекол:
– Еј! Не сери!
После два дена, рибата умрела од запек.

Златна риба

Биле Џемо и Трпе на риболов, и фатиле златна рипка:
– Пуштете ме ве молам, ќе ви исполнам на двајцата по една желба.
– Џемо: Е па, добро тогаш, ај на земјава само жени да има.
– Трпе: Алал да ти Џемо, ај ти сега педер да станеш!

Златен кувар

Си бил некој рибар и фатил златен кувар.
Куварот му вика: Ако ме пуштиш ќе ти исполнам три пиперки!

Селанец

Фатил некој селанец златна рипка и оваа му рекла :
– Добар селанецу, пушти ме и ќе ти исполнам три желби.
– На кого бе ти селанец – рекол овој и ја задавил.

А кои три?

Фатил Цветко златна рипка и таа му рекла дека ќе му исполни три желби ако ја пушти. Цветко прашал:
– А кои три?

Сакам дома

Тројца преживеани бродоломци на пуст остров нашле златна рипка. Рипката им рекла дека на секој од нив ќе му исполни по една желба.
Првиот: Јас сакам да си одам дома
Вторниот: И јас.
Третиот: Е, што ќе правам јас сам тука. Нека се вратат другарите.