Дома / Вицови / Златна риба (страна 2)

Златна риба

Македонија

Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
– Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
– Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
– Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
– Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
– ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
– ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!

Кумановец

Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
– Ауди Q7
– Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
– А ти сакаш ли на зејтин или на маст?

Депресивец

Некој голем депресивец ја фатил златната рипка и рипката му рекла ако ме пуштиш ќе ти исполнам една желба, a овој и рекол:
– Па нели беа три желби.
Се разочарал и ја пуштил!

Златен Ѓоко

Фатил некој рибар златен Ѓоко Танески и Ѓоко му рекол:
– Пушти ме ќе ти испеам три песни на англиски.

Цветко и рибата

Цветко слушнал на вести дека рибата раѓа повеќе од 100 риби. Еден ден отишол на риболов и фатил златна рипка и оваа му рекла:
– Пушти ме и ке ти исполнам три желби.
Овој ја пуштил и рекол:
– Прво сакам да имам многу жени, второ сакам многу пари и трето сакам да те изебам.
И оваа:
– Зошто да ме изебеш?
– Затоа што ако ми родиш сто деца цел живот желби ќе ми исполнуват.

Желба

Цветко фатил златна риба и рибата му вика:
– Ќе ти исполнам 3 желби, само не ме враќај во Вардар.

Наглува

Цветко имал баба комшика со голем двор. Едно сабајле станува, и, што да види кај неа – Федерер и Надал, играат тенис во дворот. Овој се крсти!
– Мори комшивке, шо е ова бе?- ја прашува.
– Абе шо е – фатив златна рипка, ете то е!- рекла таа.
– Шо збориш мори! Дај ми ја тоа рипката, па ќе ти ја вратам!
– Арно бе, ама малку наглува е!
– Ако, ако дај ми ја малце!
Го зел аквариумот со златното рипче и отишол дома. После пола саат, ете ти го.
– Да ти ебам рипчето, да ти ебам! Јас и велам „париња“-та ми дава јариња; јас и велам „убај чупчиња“-та ми дава улај ѓупчиња!!
– Ти реков оти е наглува? Ти шо си мислеше дека јас навистина и побарав „ВРВЕН ТЕНИС“!?

Ѕид

Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: – Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле…
Србинот: – Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: – Договорено.
Гркот: – Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: – Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
– Дали ѕидот е водоотпорен?
– Да, одговорила рипката.
– Полни!

Виц на годината (2010)

Златно јајце

Човек фаќа златна риба и оваа му вели:
– Ако ме пуштиш ќе ти исполнам 3 желби, ама се што ти ќе посакаш комшијата ќе добие дупло од тоа.
– Добро, Прво сакам да ја имам најголемата куќа на светот
Рибава му дава палата, а на комшијата дупло поголема од неговата.
– Второ сакам најбрзата кола на светот.
Рибава му дава ферари, а на комшијата некоја од иднината дупло побрза од оваа.
– Трето сакам едно јајце да ми отпадне.

Бродолом

Имало бродолом и Трпе и Цветко мртви жедни и гладни пловат во чамец по океанот. Очајни ловат риби и фаќаат златна риба. Рибата им вика ако ја пуштат ќе им исполни само една желба. Трпе малку размислувал и посакал целиот океан да се претвори во пиво. За неколку секунди океанот станал пиво.
После некое време се слуша лупање на пивски бранови во чамецот. Цветко со гадење гледа во океанот:
– Абе Трпе, стварно си кретен, сега мора да мочаме во чамецов!