Дома / Вицови / Златна риба

Златна риба

Мост

Нашинец фаќал риби во едно езеро во Италија. Фатил златна рипка:
– Пушти ме и ќе ти исполнам една желба! – го замолила рипката
Нашинецот се помислил и рекол:
– Направи мост од тука до Македонија, кога ќе тргнам нигде да не запирам.
Рипката:
– Тоа е 99% невозможно!
Нашинецот:
– Тогаш направи кога сме на печалба, нашите жени да не одат со други мажи.
Рипката:
– Со колку ленти сакаш да биде мостот?

Еж

Бил на одмор Трпе со Трпана и малиот Цветко. Ловел риби и фатил златна рипка.
– Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на секој!
– Може, ајде Цветко како најмал почни прв…
– Јас сакам еж!
На ова Трпе изнервиран почнал да вика:
– Што ќе ти е еж, да ти ебе матер ежот!
По некое време Трпана панично почнала да вика:
– Вади го ежот, вади го од пичка!!!

ЕКТС

Фатил студент златна рипка и таа му рекла:
– Пушти ме, ќе ти исполнам една желба.
Студентот се зачудил:
– Како една, зарем не беа три?
На тоа рибата му одговорила:
– Ееее, сега е по ЕКТС.

Попска желба

Фаќа поп златна рипка и оваа му вика:
– Ако ме пуштиш ќе ти исполнам 2 желби!
– Првата желба ми е: да не бидам повеќе поп!
Во истиот момент рипката му ја зема мантијата и Библијата, ги фрла во вода, и му вика:
– Добро, не си веќе поп. Која е втората желба?
– Сакам да имам скап џип, многу пари, ништо да не работам, само да уживам…
Рипката, ги зема мантијата и Библијата, му ги враќа и му вика:
– Абе ти, се зезаш ли со мене!?

Трите желби на Мујо

Мујо фатил златна рипка и рипката му рекла:
– Ако ме пуштиш ќе ти исполнам три желби.
Мујо ја пуштил и и рекол:
– Направи ме бесмртен и богат…
За третата се мислел која да биде и видел едно магаре во близина и и рекол:
– Сакам да ми биде како на магарето.
Рипката му ги исполнила желбите и се вратил Мујо дома со полн куфер и и вика на Фата:
– Фато, пукај во мене!
А она му вика:
– Мујо што се случува со тебе?
– Абе пукај мори!
И Фата пукала, и видела дека е бесмртен. После го прашува:
– Мујо, од каде тие пари?
А он и вика:
– Ги спечалив. Ама чекај има уште нешто. Затвори очите.
Се соблака и и вика да отвори. Фата отвора и вика:
– Јаоо Мујо, колика ти пизда!!!

Сељак

Фатил Драган Вучиќ златна рипка и таа му рекла:
– Пушти ме бе сељак еден!

Диџеј

Еден DJ фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла:
– Почекај малку! А трите желби?
Диџејот воздивнал и рекол:
– Добро! Кажи кои песни сакаш!

Победа

Грк фаќа златна рипка и таа му вели:
– Пушти ме и ќе ти исполнам 1 желба.
– Сакам да ја победиме ФИРОМ во кошарка!
– Извини, но посакуваш 2 желби.

Македонија

Грк, Албанец и Бугарин фатиле златна рипка.
– Сакам во Македонија да има ерупција на вулкан – рекол Гркот.
– Сакам во Македонија да има поплава – рекол Бугаринот.
– Сакам во Македонија да има земјотрес – рекол Албанецот.
– Готово – рекла рибата…
Гледаат сред Солун изникнал вулкан, Бугарија била поплавена со вода, а Албанија била срамнета со земја.
– ЗЛАТНА РИПКЕ, ШТО НАПРВИ?!!!
– ИИИ, ИЗВИНЕТЕ ГЛЕДАВ СТАРА КАРТА ОД МАКЕДОНИЈА!

Кумановец

Фатија кумановац златну рибу и она му кажала ако гу пушти ке му испуни жељу. И кумановац кажаја:
– Ауди Q7
– Сакаш ли на лизинг или на кредит ?
– А ти сакаш ли на зејтин или на маст?