Дома / Вицови / Виц на денот / Животиска кошарка

Животиска кошарка

Инсектите играле кошарка против лавот, жирафата, лисицата, волкот и мечката. Инсектите како бавни и ситни не постигнале ниту еден поен, а големите животни, особено жирафата, само ги прескокнувале и го полнеле кошот на инсектите. На полувреме резултатот бил 80-0. Во второто полувреме во игра кај инсектите влегла стоногалката. Таа успеала целосно да ја сврти играта со кошеви што ги давала качувајќи се со своите силни нозе на главата од жирафата. Натпреварот завршил со победа на инсектите. Додека славеле, тренерот ја прашал стоногалката:
– Ти одлично играш, но што правеше цело прво полувреме?
– Ги врзував патиките – одговорила стоногалката.

Обиди се со

Остров

Се сончаат Трпе и Трпана на плажа и Трпе опасно се напалува. Ѝ бара на …