Дома / Вицови / Животни / Партизански настроен папагал

Партизански настроен папагал

Имала некоја баба папагал за време на втората светска војна. Папагалот постојано викал “Смрт за Хитлер“. Фашистите биле кај бабата во куќата и папагалот рекол:
– Смрт за Хитлер.
Тогаш војниците и се развикале на бабата и и рекле дека ќе дојдат пак и ако повторно го изговори тоа тие ќе ја убијаат и неа и папагалот. Бабата заминала кај попот и му ја кажала својата мака, а попот и рекол да го земи неговиот папагал. Кога повторно дошле војниците папагалот молчел. Еден од фашистите за да го испровоцира рекол:
– Смрт за Хитлер.
На тоа папагалот одговорил:
– Нека бог ги слушне молитвите твои, сине мој.

Обиди се со

Газење

Си бил некој слон и згазнал на една мравка. Слонот: – Мравке извини. Мравката: – ...