Дома / Вицови / Животни (страна 5)

Животни

Зајко напушен

Лавот забранил да се пуши трева во џунглата. Сите го почитувале тоа освен зајко кој секој ден пушел. Еден ден го затекнал лавот и му се развикал:
– Зајко!!! Што правиш? Нели реков да не се пуши во џунглава!
– Е добро еднаш и ти пак еее….
Вториот ден пак го затекнал:
– Абе зајко што реков јас?
– Абе пак ти… е не пушам повеќе, готово…
Третиот ден го нашол во реката пак со џоинтот в уста:
– Море зајко, абе пак пушиш?
– Аааааа, не, за нас рибите тоа не важи!

Трпение

“За љубовта е потребно трпение”, и рекол пајакот на стоногалката и и ги раширил првиот пар нозе.

 

Капини

Си имало една река. На едната страна била мечката што јадела капини, а на другата зајакот.
– Еј, мецо, дојди да видиш нешто што го гледам јас! – вели зајакот.
– Не можам, зајко, јадам!
– Ма, дојди, кога ти велам! Ќе се изненадиш! – вели зајакот.
– Не доаѓам.
Но, зајакот замарал така и мечката сепак решила да отиде до зајакот. Влегла во водата и замалку не се удавила. Кога истоштена дошла кај зајакот, тој рекол:
– Ај, мецо, глеј колку капини има од таа страна на реката!

Интервју

Една кокошка снела јајце тешко пет килограми. Кај неа дошол репортерот од локалната телевизија:
– Како се случи тоа?
– Тајна…
– Какви се вашите планови за во иднина?
– Да снесам јајце тешко шест килограми.
Потоа репортерот го прашува петелот:
– Како се случи тоа?
– Тајна.
– Какви се вашите планови за во иднина?
– Да му ја скршам главата на нојот!

Мравката и штурецот

Било пролет и мравката си работела во нивата. Поминал штурецот со џип и со две згодни риби.
– Мравко, ај со нас ќе одиме на планина да се журкаме.
– Не можам, ќе дојде зимата ќе мора нешто да јадам.
Дошла есен и мравката пак си била во нивата. Пак поминал штурецот со џип и со две други згодни риби.
– Мравко, ај со нас ќе одиме некаде на топло да се бањаме, ќе се зезаме, женски, пиво, журки…
– Не можам, еве работам, еве ја зимата, ќе мора нешто да се јаде.
Дошло зима, мравката си седела во својот топол дом, си грицкала семки и гледала телевизија. Кога на вратата тропнал штурецот во скијачко одело и со две други риби.
– Мравко, ај со нас на скијање.
– А бе не можам… одете вие… ама ако го сретнете оној писателот Лафонтен, кажете му дека ќе му ебем матер.

Лавица

Си седеле лавот и бикот на шанк и си пиеле пиво. По некое време на лавот му ѕвони мобилниот:
– Ајде прибирај се дома, да не доаѓам ја таму, јасно?
– Еве одма доаѓам драга.
– Е, лаве, мене така да ме вика жена ми коа сум у кафана, не би поминало тоа туку така, ја би останал со другарите да пијам до сабајле.
– Те разбирам ја тебе пријателу мој, ама твојата жена е крава, а мојата лавица.

Жирафи

Тато зошто жирафите имаат толку голем врат?
– За да можат да јадат од високите дрва.
А тато, зошто дрвата се високи?
– За да не мора жирафите да се навалуваат додека јадат.

Вошкар

Се расправаат дечко и девојка мајмуни и девојката му вика мрш бре вошкар еден!
А на тоа овој и одговара:
– На кого ма ти вошкар, од чии вошки се здебели толку?

Зајчиња

Се договориле зајчињата да го тепат волкот и мислеле причина… Мислеле, мислеле и на тоа најмалото му текнало:
– Ај ќе го тепаме зошто не носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот и тоа најмалото му вели:
-Ти зошто не носиш капа? – и го истепале.
Следниот ден пак сакале да го тепат и пак мислеле причина и на тоа најмалото му текнало:
– Ај овој пат ќе го тепаме зошто носи капа.
Се согласиле и другите и го среќават волкот овој пат со капа и тоа најмалото пак му вели:
– Ти зошто носиш капа? – и пак го истепале.
Следниот ден веќе немало зошто да го тепат, но на тоа најмалото пак му текнало:
-Ај ќе го тепаме зошто носи цигари со фас.
Се согласиле и другите, но волкот бил зад некое дрво и се ги слушнал и се припремил. И го среќават зајчињата и тоа најмалото му вели:
– Волчко дојди малку.
Доаѓа волкот и му вели:
– Еве ти цигари и со фас и без фас.
И тоа најмалото се збркало и му вели:
– А ти зошто не носиш капа?- и пак го истепале.

Трева

Трча зајко низ шума и се сретнува со слонот, и слонот му вика:
– Што си толку задишен бе зајко?
Зајко му вика:
– Главата ми чади заглавен сум до гуша.
– Земи тревава, почекај ме ќе се вратам и ќе свиткаме по еден.
И зајко чекал, чекал, и ја испушил цела трева. Дошол слонот со уште 2 други слонови и зајко ги гледа и вика:
– Бегајте сини облаци, бегајте сини облаци.