Дома / Вицови / Животни (страна 3)

Животни

Дупки

Разговараат шарпланинец и питбул.
Питбулот:
– Ја гледаш оваа дупка во мојата кожа?
Шарпланинецот:
– Ја гледам.
Питбулот:
– Е таа ми е од еден доберман. А оваа ја гледаш ли? Таа ми е од еден булдог. А оваа ми е од една дога.
Шарпланинецот почнал да бара меѓу влакната. Барал, барал, нашол нешто и му го покажал на питбулот:
– А, ти ја гледаш ли оваа дупка?
– Ја гледам.
– Е тоа ми е задникот.

Глисти

Се сретнуваат Тарзан и слонот, и слонот го прашува Тарзан:
– Како е, брату?
– Лошо, не можам по нужда, имам глисти. Кај тебе како?
– Ќути, и јас не можам по нужда, имам анаконди.

Куфер

Зајакот патувал со воз и одеднаш неговите куфери ги снемало. Зајакот нервозно вика:
– Вратете ми ги куферите, да не се случи тоа што се случи лани!!!
После некое време пак:
– Вратете ми ги куферите, да не се случи тоа што се случи лани!!!
И крадците му одговориле:
– Е добро бе зајко, ќе ти ги вратиме, ама прво кажи ни што ти се случи лани?
– Како што ми се случи? Па ми ги украдоа и не ми ги вратија.

Цар

Еден орел, седи на врв на една огромна карпа и пуши трава. Седи така и си вели сам на себе „кој цар сум јас еј…“
Повлекува уште еден дим и пак си повторува, „кој цар сум јас…“ Се пушта од карпата надолу и на еден метар пред земјата ги раширува крилата и полетува назад кон врвот на карпата. Застанува и пак си повторува, „кој цар сум јас…“
Доаѓа друг орел до него и го прашува:
– Бачко шо има?
– Еве, дувам малце, сакаш?
И така седнале еден покрај друг и само си повторувале „Кои цареви сме ние еј…“ По некое време се пуштаат кон земјата и на еден метар пред да удрат ги рашируваат крилјата и се качуваат горе.
Доаѓа мечката до нив и ги прашува:
– Момци, што праите?
– Еве малку пушиме, сакаш?
Така мечката седнува до нив и сите заедно се пуштаат кон земјата и на паѓање надоле орлите ја прашуваат мечката,
– Мецо, имаш крилја ти?
– Не.
– Кој цар си ти мецо, еј…

Ежот

“Љубовта боли” – рече Ежот кога слезе од жицата.

Регрутација

Мечокот тргнал да оди на регрутација, одејќи така налетал на лиската целата среќна.
– Што си толку среќна лиске?
– А бе ги заебав оние од регрутно, си го потскратив малку опашот и ме направија неспособна.
Оди понатаму мечокот и налетува на зајкото.
– Што си толку среќен зајко?
– А бе ги заебав оние од регрутно, си ги потскратив малку ушите и ме прогласија за неспособен.
Мечоков збеснал, цела шума нема да оди во војска само он ќе оди, и смислил да си го пресече едното јајце за да биде и он неспособен. И така влегол во регрутно да го прегледаат.
– Мечок, многу ми е жал што морам да ти кажам дека си неспособен за војска.
– Ма дај, види ме колкав сум, жалосно е да не одам, армијата многу ќе изгуби со тоа!
– Мечок не може, дустабанлија си!

Панда

Си шетал еден гуштер и здогледал една панда како пуши марихуана. Па ја прашал:
– Може ли и јас малку да попушам?
– Слободно качи се на дрвото и ќе ти дадам.
Па така пушале кога гуштерот ожеднал, па ја прашал каде е најблиската река а таа мурекла:
– Еве ја онаму позади тоа дрво.
Гуштерот отишол да се напие вода, но бидејќи бил дрогиран паднал во реката. Го видел еден крокодил и отишол да го спаси.Кога го спасил го прашал зошто паднал во реката, а тој му ја раскажал случката, па крокодилот го прашал:
– Можели и јас да попушам малку?
– Оди прашај ја на пандата и ако ти дозволи оди пуши.
Кога ја видел пандата извикал:
– Може ли малку да попушам?
А таа му рекла:
– Колку води си испел бе гуштеру?!

Животиска кошарка

Инсектите играле кошарка против лавот, жирафата, лисицата, волкот и мечката. Инсектите како бавни и ситни не постигнале ниту еден поен, а големите животни, особено жирафата, само ги прескокнувале и го полнеле кошот на инсектите. На полувреме резултатот бил 80-0. Во второто полувреме во игра кај инсектите влегла стоногалката. Таа успеала целосно да ја сврти играта со кошеви што ги давала качувајќи се со своите силни нозе на главата од жирафата. Натпреварот завршил со победа на инсектите. Додека славеле, тренерот ја прашал стоногалката:
– Ти одлично играш, но што правеше цело прво полувреме?
– Ги врзував патиките – одговорила стоногалката.

Омлет

Земала кокошка да чита весник на друга кокошка. Стигнува до црната хроника и вели:
– Пак масакр: еден омлет – четири мртви.

Кучиња

Двајца сопственици на кучиња се расправале чие куче е поумно.
– Моето куче е многу паметно – рекол првиот – секое утро го чека разнесувачот на весници, му дава бакшиш и ми го носи весникот, заедно со утринското кафе.
– Знам – рекол вториот.
– Од каде знаеш?
– Па, ми кажа моето куче…