Дома / Вицови / Животни

Животни

Газење

Си бил некој слон и згазнал на една мравка.
Слонот: – Мравке извини.
Мравката: – Е ништо де, и мене можеше да ми се случи.

Отровни змии

Се шетале две змии, мајка и ќерка. По некое време ќерката ја прашува мајката:
– Мамо, мамо! Абе ние отровни змии сме?
– Зошто ме прашуваш ќерко?
– Затоа што си го гризнав јазикот!

Поздрав

Вoлкoт: Селaм aлејкум мoмци.
Свињите: Уф фaлa бoгу, муслимaн е.

Јазици

Научил волкот да вика кукурику, се скрил во шумата и почнал да вика. Слушнала лисицата отишла во грмушката и волкот ја фатил и ја искинал од ебење и рекол:
– Знаењето е сила, знаењето е моќ. Учете странски јазици.

Петелот, мачорот и кучето

Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
– Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од се. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја служнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.

Ta-Daam

Му вика камелеон на куче:
– Еј сакаш да ти покажам нешто јако ?
Кучето одговара:
– Ајде бе покажи.
Камелеонот ја менува бојата во црвена од зелена и вика
– Та-даам
И кучето вика:
– И шо напрај сеа?

На ветеринар

Разговараат три кучиња во чекалницата кај ветеринарот:
– Зошто тебе те донесоа тука?
– Е, јеби га, мојана газдарица купи персиски тепих и ја не знаев дека толку многу е скап и се помочав на него. И сега ќе ми опнат инекција и ќе ме убијат.
– И ја имам сличен проблем, мојата газдарица купи ново БМВ, ме стави мене на задно седиште да одиме у парк и кога го спичи БМВ-то ја се посрав од страв на кожните седишта. Затоа сега и мене ќе ме убијат.
– А, што е со тебе? – го прашуваат третото куче.
– Мојата газдарица многу сака по дома да шета гола и вчера така се наведна нешо кај масичката и ја не можев да издржам, рипнав врз нејзе и и го опнав.
– Лелеее, за тоа сеа и тебе ќе те убијат?
– Ма, неее, мене нема да ме убијат, само малку ќе ми ги скратат и истурпијаат ноктите.

Стоногалка

Машката стоногалка брои:
– 97, 98, 99, 100, 101… Драга, си родила син!

Интелегентна мечка

Оди шумарот низ шумата и гледа еден планинар како игра шах со една мечка. Шумарот вчудоневиден рекол:
– Ова не е можно, колку интелегентна мечка!!
Планинарот:
– Како не била интелегентна. Водам 3:1.

За помен

Си биле еден зајко и една мечка,тие секогаш кога ќе се најделе секогаш правеле бељи.
Еден ден лавот рекол:
– Зајакот и мечката веќе не може да се среќаваат бидејќи прават бељи.
Зајакот и мечката отишле во кафана и нарачеле две пива и за несреќа дошол лавот и мечката го пикнала зајакот во џеб у гради.
Лавот го прашал:
– Шо бе две пива мечко.
Мечката рекла:
– Едното за мене, а другото за зајко за помен.
Лавот рекол:
А, тоа у џебот шо ти е.
Мечката удирајки се по гради рекла:
– А, ова ништо слика од зајко.